Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Полска: Реакции за време на освојувањето на златниот медал на Ковалцки во Ванкувер

Додека светот внимателно ја следи опасноста од цунами на Хаваи, Полјаците се обединуваат во позитивни емоции – прославувајќи го златниот медал освоен од страна на Џастина Ковалцки во крос кантри маратонот на 30 километри за жени во Ванкувер. Полската платформа за микро-блогирање Blip.pl ги пренесе реакциите од полските гледачи за време на натпреварувањето.

Гледачите како што е dulak ги поставија (на полски) нивните планови за гледањето на преносот:

dulak: Недостапен за да ја гледам трката на 30 километри. Се надевам на медал.

Desire ја искажа (на полски) поддршката за Ковлацки:

desire: Јас навивам за Џастина Ковалцки 😉 #olimpiada

Maluminse: (на полски) објавуваше вести во низа за случувањата:

#vancouver Џастина ги смени ските. Веќе втор пат

#VANCOUVER само Бјорген и Ковалцки ќе се борат за победата. Дали Џастина ќе изгуби по трет пат? Половина Полска се надева на медал, другата половина се надева на злато

#vancouver 700 метри до крајот

#VANCOUVER конечно на пиедесталот. Момент за историјата после 38 години

#VANCOUVER 80 метри

Каналот на Dulak (на полски) изнесуваше емоции од гледачите….

Не можам да издржам, неверојатна неизвесна борба #vancouver

…. конечно споделување (на полски) на добрите вести:

ИМАМЕ ЗЛАТО !!!

Desire додаде (на полски)

Прекрасно Џастина! Каков емоционален финиш!! Ме заболе грлото!! Прекрасно прекрасно!!!! #olimpiada

Cobrrra се приклучи во бодрењето со останатите, споделувајќи фотографија од ТВ екранот со зборот ЗЛАТО!!! низ нејзе:

#VANCOUVER ЏАСТИНА ИМА ЗЛАТО!!!!

Во оваа фаза гледачите исто така ги споделија нивните импресии. PWNZOR искажа вчуденевиденост (на полски):

#vancouver za [blip]: ZOMG, WTF, LOL!!!!! 1111 сериозно, Не очекував дека некој од нас ќе добие злато 😀

Structus призна (на Полски) дека целото негово мало се радувало на добрите вести:

Какви емоции!! Прекрасен финиш, викотници насекаде низ државата и злато за Ковалцки #olimpiada

Muszi дури и спомна (на полски) за огнометите:

Соседот од радост ни приреди мало огномет шоу 😀 одлично завршена работа Џастина! [#olimpiada]

После се добивме друга порака (на полски) за бронзениот медал кој го освоија полските натпреварувачки во брзо лизгање:

Уште еден медал #vancouver! Каква вечер – тимот за брзо лизгање освои бронза! Колку прекрасна трка!

Каква ноќ за Полска! За повеќе вести на полски, побарајте ги двата хаштага на Blip.pl: #vancouver и #olimpiada. Видеото од финишот е достапно тука!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.