- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

150 години цејлонски чај: Еден ден од животот на работник на плантажи

Категории: Јужна Азија, Шри Ланка, Граѓански медиуми, Жени и род, Животна средина, Историја, Работа, Храна
[1]

Приказната на Сарасвати. Фотографија на „Граундвјус“

Овој напис, во кој има видео од Селвараџа Раџасегар, првично беше објавен [1] на „Граундвјус“, веб-страница која е добитник на награди од областа на новинарството во Шри Ланка. Уредената верзија е објавена подолу како дел од договор за споделување содржини со „Глобал војсис“.

Триесет и осумгодишната Сарасвати се буди во 5:30 наутро за да ги испрати децата на училиште и потоа да тргне на работа.

Приказната на Сарасвати истакнува некои од предизвиците [2] со кои се соочува тамилската заедница која живее и работи на плантажите (малаијаха [3]) во Шри Ланка повеќе од 150 години [4].

Честопати за родителите е тешко да обезбедат оброци [5] за децата во рамки на владиниот план за хранење во училиштата – ротито (лебот) кој го јадат редовно речиси и да нема хранливи вредности но тоа често е единственото нешто што може да си го дозволат.

Во индустријата за чај во Шри Ланка работат (директно или индиректно) повеќе од 1 милион луѓе [6]. Голем број од оние 500,000 работници кои работат на плантажите со чај [7] се тамилци кои се потомци на евтината работна сила донесена во Шри Ланка од Индија [8] од страна на британските колонијални владетели во 19-от век и повеќе од половина од нив се жени.

Работниците на плантажи со чај со години бараат зголемување на основната дневница на 1000 шриланкански рупии (5.50 американски долари) [9]. Договорот за колективна плата помеѓу синдикатите и регионалните компании кои поседуваат плантажи беше потпишан неодамна и со него минималната основна дневница изнесува 700 шриланкански рупии (3.90 американски долари). Како реакција на ова, работниците на плантажите излегоа на масовни штрајкови а во Коломбо имаше протести во знак на солидарност.

Од регионалните компании кои поседуваат плантажи велат дека дневницата од 1000 шриланкански рупии (5.50 американски долари) е невозможна. Иако цејлонскиот чај е еден од најизвезуваните производи [6] на Шри Ланка, оваа индустрија сепак има претрпено големи загуби заради повеќе причини меѓу кои спаѓаат и климатските промени. Но, како што покажува приказната на Сарасвати, платата која таа ја заработува ни одблиску не ги задоволува потребите на нејзиното семејство а се зголемува и трендот на млади генерации на работници на плантажи кои се присилени да заминат и да бараат работа на друго место.

Погледнете го видеото:

சரஸ்வதியின் ஒருநாள் கதை [11]

சரஸ்வதியின் ஒருநாள் கதை maatram.org/?p=7508 #MalayagaTamil

Geplaatst door Maatram [12] op Dinsdag 5 februari 2019