Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Турција: Стотици курдски политички затвореници објавуваат штрајк со глад

Стотици курдски политички затвореници започнаа штрајк со глад на неопределен временски период против односот кон курдските политички затвореници од страна на Турција. Преку овој протест, дел од нив бараат повторно судење и добивање право за користење на курдскиот јазик, додека други пак сакаат да го свртат меѓународното внимание кон односот на Турција спрема курдските политички затвореници. И покрај штрајкот со глад, кој трае веќе речиси 6 недели, само мал дел од меѓународните медиуми ја имаа пренесено оваа вест. Ова и не е особено изненадувачки, земајќи го предвид фактот дека и домашните медиуми во Турција го игнорираа штрајкот со глад и одбија да известуваат за овој настан.

Курдскиот блогер, Мемед Боран, кој моментално престојува во Лондон, објаснува како започнал штрајкот и вели:

На 12 септември, 2012 година, девет затворенички од одделението Е во Дијарбекирскиот затвор почнаа штрајк со глад на неопределен временски период. Во изјавите коишто ги дадоа преку нивните адвокати  тие посебно нагласија две барања: право за јавно користење на нивниот мајчин јазик (Курдскиот), вклучувајќи користење на мајчиниот јазик и во судот и отстранување на пречките кои го спречуваат затворениот курдски лидер Абдула Окалан да одржи мирни преговори со турската држава. Набргу потоа, многу други затвореници, мажи и жени, од сите затвори во Турција почнаа да се придружуваат на штрајкот со глад; понекогаш во групи, а во некои затвори и поединечно. Во моментов има 380 затвореници од 39 затвори кои се на она што го надмина штрајкот со глад и премина во „пост на смртта“.

Бројот на курдски политички затвореници засега е непознат, но според организациите за човекови права има илјадници политички затвореници во Турција, што ги наведе активистите да веруваат дека сите или поголемиот дел од нив штрајкуваат со глад. Eлиф од Истанбул, вели дека медиумите избрале да го игнорираат овој штрајк и дека многу од затворениците кои штрајкуваат наскоро може да умрат.

Еден активист за правата на Курдите, кој твита како @Hevallo, очајно се обидува да ги натера луѓето на Твитер да испратат таблети Витамин Б1 за затворениците кои штрајкуваат, кој може да ги намали негативните последици по нивното здравје и да го спречи неизбежното – смртта.

Седат Јездан на Фејсбук напиша:

Во последните 3 години, турската држава уапсила повеќе од 10 000 Курди, кои се студенти, деца, мајки, активисти, новинари, адвокати, лекари, градоначалници, пратеници и голем број членови на Партијата за мир и демократија (BDP).

Штрајкот со глад е форма на ненасилно протестирање. И покрај актуелниот штрајк со глад и многу други, турските медиуми намерно ја игнорираат оваа состојба, надевајќи се можеби дека преку нивното молчење и организациите за човекови права ќе го следат истиот пример. Недостигот од разговори со затворениците кои штрајкуваат со глад им олеснува на медиумите да се оправдаат за нивното игнорирање на ситуацијата, особено на новинарите кои се жалат на недостигот од достапни информациони ресурси.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.