- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Еден ден на Земјата: Глобално прикажување на светскиот колаборативен филм

Категории: Северна Америка, САД, Граѓански медиуми, Историја, Музика, Уметност и култура, Филм
Logo for One Day on Earth [1]

Еден ден на Земјата

Колаборативниот филм Еден ден на Земјата [2] беше целосно снимен на истиот ден, 10 октомври 2010 година, со снимки кои траат повеќе од 3000 часови, испратени од сите страни на светот, прикажувајќи ја прекрасната различност, конфликт, трагедија и победа кои се случуваат во еден ден. Глобалното прикажување [3] ќе се случи на Денот на Земјата (22 април, 2012 година) во секоја земја во светот, со помош на сајтовите World Heritage и Обединетите Нации.

Search the archives for footage sent in to One Day on Earth [4]

Пребарајте ги архивите со снимки испратени за Еден ден на Земјата

Испратените снимки, снимени во текот на 10 октомври 2010 година  и 11 ноевмри 2011 година од страна на соработниците ширум светот, може да ги видите преку интерактивната мапа во архивата на Еден ден на Земјата [4]. Во архивата може да се пребарува со тагови или клучни зборови, како и преку разгледување на мапата за да ги видите различните видео групи.

На глобалниот настан можете да учествувате со пријавување да помогнете на најблиската проекција, да предложите локација или одржите настан. Во некои места, помошта ќе биде ограничена од големината на настанот: со цел да си обезбедите место на прикажувањето, пријавете се на сајтот. [3]

Следи, официјалниот преглед на филмот Еден ден на Земјата.