Македонија: А што е со пописот?

Неколку балкански држави закажаа попис пролетва: Македонија, Бугарија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина. Локалните набљудувачи ја поврзуваат можноста за изведување на оваа операција со капацитетот и зрелоста на државата.

По најавата на ’сезоната на пописи‘ во 2010 година, Џаман направи пробен попис на линкови од повеќе земји. Во тоа време, македонските блогери главно дискутираа за ситуацијата во соседна Бугарија и Албанија, критикувајќи ги овие држави поради тоа што не им дозволуваат на етничките Македонци да ја изразат својата етничка припадност и да бидат попишани.

Во Бугарија прво постоеше ваква можност, но подоцна истата беше повлечена. Властите во Албанија ветија извесни промени на претставници на малцинствата, кои се заканија со бојкот, но сега се соочени со несогласување (анг.) од мнозинството.

Македонските блогери гледаа на овие ситуации како на дел од постојаните напори за асимилација на етничките малцинства, при што дискусиите често одат во насока на  говор на омраза, вклучувајќи етикетирање и повикување на историјата. На пример, 1979 претходното и апсењето на сопственикот и вработен во печатница во Благоевград, Бугарија, кои подготвувале етничко-македонски весник, го нарече фашизам во 21 век, потсетувајќи дека Бугарија била на страната на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Вкучувањето на прибирање податоци за етничка и религиозна припадност не е контроверзно прашање во мултиетничка Република Македонија. Но, со оглед на тоа што определени „колективни права“  гарантирани со закон зависат од бројот на луѓе попишани на определена територија, статистичките резултати имаат експлозивен политички потенцијал. На пример, додека македонскиот е официјален јазик на државно и локално ниво и други јазици автоматски стануваат службени на општинско ниво исто така, доколку бројот на нивните говорители е повисок од 20% од населението. Бидејќи последниот попис (2002) покажа дека етничките Албанци сочинуваат околу 25% од вкупното население, Собранието, покрај македонскиот, го користи и албанскиот како службен јазик. Ова е поврзано со „Бадентеровиот принцип“  на донесување одлуки: за предлозите кои вклучуваат етнички аспекти потребна е поддршка и на општо ниво и од претставниците на немнозинските етнички заедници (доколку тие сочинуваат повеќе од 20%).

Контроверзите во Македонија започнаа со објавување „предвидувања“ во традиционалните медиуми дека вистинските резултати на пописот ќе бидат многу поразлични од оние од 2002 година. Потоа, некои од етничко албанските политички партии побараа пописот да се одржи во јули наместо во април, за да се осигура дека етничките Албанци кои работат во странство и ќе се вратат за летните одмори во Македонија ќе бидат попишани.  Власта одби, наведувајќи ги примерите на Албанија и Косово, кои исто така имаат многу „гаст-арбајтери“ (анг.), но сепак закажаа попис во април. (Албанија тукушто реши да го одложи пописот, но поради друга причина – предвремените локални избори.)

Посериозен проблем на бојкот настана од страна на албанските и турските членови на  Државната пописна комисија поради составот на пописните комисии, поради правилото за застапеност еден член-етнички Македонец, независно од етничката застапеност на тоа подрачје. Според локалниот портал Преспа Скај, другите етнички заедници, како на пример Власите, исто така се приклучиле кон бојкотот.
Покрај тоа, Васко Крајчевски укажа дека во врска со можните претстојни предвремените избори (анг.)…

Втор многу важен момент е една статистичка операција од големи размери т.н. ПОПИС. Дали со предвремените избори во мај пописот би се одржал? Не, со сигурност. Дали со тоа се игра некоја внатрешно-коалициска игра? Да, со сигурност. Што сакаат да докажат? Ништо. Само сакаат да играат со тендери уште 4 години. Ако сакаат на пописот да му ја симнат политичката (етничката) етикета, нека го изменат уставот и нека речат дека [Рамковниот договор]  ќе важи и под (фамозните) 20%.

Во нејзината последна изјава, претседателката на Државната пописна комисија рекла дека “нема информација од Владата за одложување на пописот “.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.