Фотографии во боја ја покажуваат разрушената Манила по Втората светска војна

Colored photo of the old legislative building which was destroyed during the Battle of Manila. Photo from the official gazette of the Philippine government

Фотографија во боја од старата законодавна зграда која е уништена за време на битката во Манила. Фотографијата е од службениот весник на филипинската влада.

За време на Втората светска војна, Манила беше окупирана од страна на Јапонската царска армија. Во почетокот на 1945 година, по едномесечна битка американските сили и филипинските герилски борци го ослободиле филипинскиот главен град. Поради жестоките борби и тешките бомбашки напади, Манила стана вториот најуништен сојузнички главен град (по Варшава, Полска) за време на Втората светска војна.

Во 2015 година, за да ја одбележи 70 годишнината од крвопролевањето, филипинската влада лансираше онлајн портал кој вклучува фотографии, видеа, есеи, мапи, сведоштва и други  извештаи кои се однесуваат на историската битка. Исто така, посебната колекција нуди фотографии во боја од некои од иконските згради и воени сцени во стара Манила.

За време на битката во Манила, повеќе од 100.000 цивили беа убиени и владините згради во градот се скоро целосно уништени. Владиниот портпарол ја резимира ситуацијата во главниот град по битката:

100.000 Филипинци загинаа, владините згради лежат разурнати, а Манила повеќе не е бисер на Ориентот. Некогаш славниот град и првиот космополитски центар на Истокот, кој ги спои Истокот и Западот, сега исчезна под купот рушевини.

Европското богатство во Манила (Филипини била колонија на Шпанија повеќе од 300 години) е изгубено поради уништувањето на градот. Владиниот портпарол додава:

Филипинците изгубија непроценливи обележја на културата и нивниот идентитет како народ. Владините згради, универзитетите и колеџи, црквите како и други институциски места исчезнаа заедно со сите скапоцености во нивна сопственост. Објектите претрпеа уривање за да го отворат патот кон напредок. Oва значи отфрлање на европската архитектура наместо функционалната, американска архитектура која е инспирација за нашите згради денес. Само некои од првите објекти ќе останат непроменети.

Погледнете некои од фотографиите во боја од старата Манила по војната. Некои фотографии се споени со фотографии од денешниот изглед на градот:

Colored photo of American soldiers during the Battle of Manila. Photo from the official gazette of the Philippine government

Фотографија во боја од американски војник за време на битката во Манила. Фотографија од службениот весник на филипинската влада.

Colored photo of Manila downtown in ruins. Photo from the official gazette of the Philippine government

Фотографија во боја од центарот на Манила во рушевини. Фотографија од службениот весник на филипинската влада

Superimposed photo of soldiers crossing the Pasig River and how it looks today. Photo from the official gazette of the Philippine government

Споени фотографии од војници кои ја поминуваат реката Пасиг и како изгледа денес. Фотографија од службениот весник на филипинската влада

 

Superimposed photo of Japanese soldiers marching near the presidential palace and how the street looks today. Photo from the official gazette of the Philippine government

Споени фотографии од јапонските војници кои маршираат во близина на претседателската палата и како улицата изгледа денес. Фотографија од службениот весник на филипинската влада

 

This memorial was built to honor the civilians who died during the Battle of Manila. Photo from the official gazette of the Philippine government

Овој споменик е изграден во чест на цивилите кои загинале за време на битката во Манила. Фотографија од службениот весник на филипинската влада

Овој редок видео документарен филм, снимен со Кодак камера во боја, дава увид во уништувањето предизвикано од војната:

Додека јапонските сили се главно обвинувани за убиство на илјадници цивили, некои историчари исто така ја обвинуваат американската војска за бомбардирање на владините згради и други инфраструктури кои ја уништија економијата на главниот град.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.