Македонскиот суд казни новинар и магазин за цитирање на извор

На сликата се изданијата од дневниот весник Фокус каде биле објавени текстовите. Фото: NovaTV.
По контроверзната пресуда со која еден од последните независни македонски магазини, Фокус беше обвинет за нарушување на честа и угледот на Сашо Мијалков директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Основниот суд Скопје 2 пресуди дека Фокус треба да му плати на Мијалков над 9.000 евра (околу 12. 500 американски долари) за нарушување на честа и угледот.
Мијалков го тужеше дневниот весник Фокус за два текста кои се базираат на изјави на поранешниот македонски амасадор во во Република Чешка Игор Илиевски. Илиевски беше на оваа дипломатска позиција до декември 2012 кога ги информираше медиумите дека неговиот мандат завршува пред официјалната дата, обвинувајќи го Мијалков за тоа.
Според сите докази за случајот кои и се достапни на јавноста излегува дека весникот е казнет само за пренесување на изјави од изворот. Единствената потенцијално спорна реченица во текстовите е „Неофицијално, директорот на УБК, Сашо Мијалков, уште пред празниците е во Прага, каде што поседува бизнис-империја“ со која се претпоставува дека Мијалков престојувал во Прага.
Владо Апостолов, новинарот кој ги напишал текстовите како и главниот и одговорен уредник на неделникот Фокус Јадранка Костова ќе треба да платат 6.000 евра (околу 8.200 долари) оштета и околу 3.300 евра (околу 4.500 долари) трошоци за адвокатот на Мијалков.
Илиевски кој исто така треба да му плати на Мијалков оштета од 10. 000 евра за дневниот Фокус изјавил дека главната причина зошто бегал од Чешка била „координираната активност на шефот на македонската тајна полиција Сашо Мијалков со неговите пријатели, кои се мошне добро организирани во Чешка“.
Тој исто така изјавил дека Мијалков вршел огромен вербален притисок врз Министерот за надворешни работи Никола Поповски и врз претседателот Ѓорге Иванов за да ги тргнат рацете од случајот.
За дневниот весник Фокус, Илиевски изјавил:
Сашо Мијалков го спречи тоа и почна масовен последен напад. За среќа, неуспешен. Мијалков беше нем набљудувач на четирите закани по мојот живот и трите закани за бомба на амбасадата
Владо Апостолов во интервју за A1on вели дека е скандалозно тоа што се осудени за пренесени изјави од поранешниот амбасадор Илиевски.
Како што веќе пренесе Глобал Војсес, медиумскиот простор во Македонија се повеќе станува опасно место за изразување, а Апостолов ја потсетува јавноста на ова во интервјуто:
Од една страна паричната казна е голема и за Фокус е критична, ама од друга страна Македонија е земја во која што новинари одат во затвор, други загинуваат во сообраќајни несреќи под чудни околности, и со парична казна ни е треба дури да бидеме среќни
По судската одлука, главната и одговорна уредничка Костова за Balkan Insight изјави дека „Со овие критериуми постои голема можност да се затвори и неделникот Фокус. А можеби и точно тоа е нивната цел“. Таа додава дека последниот неделен магазин (Фокус) кој е критички настроен кон владата на премиерот Никола Груевски веќе има финансиски потешкотии, најмногу заради серијата од тужби против него.
Одлуката на судот поттикна многу реакции од медиумите како и од граѓаните на социјалните мрежи.
Мери Јордановска, новинарка во Фокус на нејзиниот Фејсбук профил постираше:
И после ќе зборуваме за автоцензура? Па нормално дека ќе зборуваме!
Гарантирам дека после пресудата, ќе нема новинар што 3 пати ќе се запраша дали да пренесе изјава од некој! А во случајов тоа не е било кој, туку бивш амбасадор. Интервјуто и пренесувањето изјави ќе станат потежок жанр од истражувачкото новинарство!
Ај што луѓево одамна се плашат да проговорат, туку сега и оние што ќе сакаат да проговорат ќе нема кој да ги пренесе.
Минатата година дневниот и неделниот весник „Фокус“ беа затворени привремено заради ненадејната смрт на нивниот сопственик и издавач, Никола Младенов кој загина во сообраќајка во март 2013 за кои многумина се сомневаат дека не била случајна.
Дневниот весник беше затворен заради финансиски причини и неколку тужби за клевета, додека неделникот „Фокус“ започна повтроно да се издава во јули 2013 под водство на Јадранка Костова.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагираше на пресудата со која велат „драконски се казнети за клевета новинарот и уредникот на неделникот“.
Во соопштението на ЗНМ стои дека:
Ова е прва осудителна пресуда против новинари според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета која може да се процени како сериозна непријателска порака кон новинарите на Македонија. Со пресудата новинарите се заплашуваат и обесхрабруваат да информираат и истражуваат за одговорноста на јавните функционери што е една од главните принципи на новинарството низ целиот свет
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше дека оваа казна е јасен показател на односот на судската власт кон слободното новинарство од една страна и власта од друга.
Казните за новинарите на Фокус се показател за исклучително непријателскиот и репресивен амбиент во кој функционираат новинарите во Македонија
Интернационалната организација Репортери без граници со соопштение силно го осуди судското малтретирање на Фокус.
Репортери без граници силно го осудуваат судското малтретирање на Фокус, една од последните независни публикации во Македонија. Уште еднаш судот во Скопје го осуди Фокус на несразмерно висока парична казна со што, се чини, дека има за цел да се затвори последниот независен неделник во Македонија
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!