Хрватска: Нов претседател, нова насока

Во петокот минатата недела, Иво Јосиповиќ ја презеде функцијата, како трет хрватски претседател, заменувајќи го претседателот во заминување кој отслужи два мандати, Стефан Месиќ. ББС направи опширна анализа прикажувајќи, што претставува новиот претседател како и за пречките со кои Хрватска се соочува, приближувајќи се кон членство во ЕУ, во 2011 или 2012.

Но ајде да погледнеме што имаат блогерите да кажат, околу оваа голема промена на власта која се совпадна со ненадејното повлекување и откажување од политиката на премиерот, Иво Санадер, минатата година.

Фанки Бизнис (на хрватски) напиша за инаугурацијата:

Многу ми се допадна денешната инаугурација на новиот претседател. Целата церемонија беше многу културно активна, напредна и европска.

На еден претходен пост, на денот кога беа соопштени резултатите, Фаники Бизнис исто така напиша (на хрватски):

Хрватска одбра правда. Хрватска одбра светлина. Хрватска одбра подобро утро. Хрватска одбра образован, европски претседател. Хрватска одбра мудро. Конечно!

Другите се уште претпазливи, како што е fra gavun (француско топење) напиша (на хрватски) :

Вечерва, јас сум среќен, среќен но не еуфорично среќен. Среќен затоа што не сум разочаран, среќен затоа што тој го победи умот.

Нормално, постојат клеветници, како некои од овие коментари (на хрватски) особено еден од Vidi pisme ove (види ја оваа песна):

Сето ова е само изведба, ништо повеќе …
сите ние сме одамна купени и продадени …
политичарите се само актерите, кои што работат по нечие сценарио …
Што било нема да избереме, освен ако сакаш да го гледаш шоуто или не,

тоа е се….

И тоа е одекнато од страна на еден подолг коментар од Dosanjani:

Иако бев многу млад за да учествувам во нив, се сеќавам на изборите во поранешна Југославија кога ни беа понудени партиските кандидати – од пет до шест на парче хартија, за да ја изберете селекцијата. Сега е истото.

Јосиповиќ има тешка задача пред себе, бидејќи Хрватска се наоѓа во голема рецесија, а земјата има големи цели за исполнување за да го добие ЕУ членството. Разбирливо е што поголем дел од Хрватите не беа многу расположени за коментирање, бидејќи тие чекаат да видат дали новото лидерство ќе донесе економски раст и стабилност.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.