Дали овие луди идеи се последна шанса за спасување на африканскиот носорог?

Northern white rhino

Многу поброен од критично загрозениот северен бел носорог, јужниот бел носорог е сѐ почеста мета на ловокрадците. Фотографија од корисникот на Flickr, Елизабет Хаслам. CC-BY-NC-SA 2.0

Оваа објава на Адам Велц прво беше објавена на страницата Ensia.com, списание кое ги истакнува меѓународните решенија за животната околина, а се објавува тука согласно со договорот за споделување на содржини.

Во 1909 година, по завршувањето на својот втор мандат како претседател на САД, Теодор Рузвелт водел амбициозна експедиција во Источна Африка за да лови примероци за најпознатите музеи во Америка. Заедно со својот син Кермит и група на природонаучници, тој собрал илјадници животни – од слонови до ровчици, од големи птици грабливки до мали птици песнопојки. Наградата на експедицијата била зачувана во 4 тони сол и ја носеле голем број на африкански носачи преку огромните савани, од кои некои умреле по патот. 

Конечната награда од епското научно сафари на Рузвелт е нилскиот носорог, таинствен тип на носорог со четириаголна уста кој може да се најде по горниот тек на реката Нил во пределите кои денес се познати како Јужен Судан и Северна Уганда. Зоолозите истакнуваат дека тој е многу сличен со т.н. бел носорог од Јужна Африка, но дека е помал и дека е оддалечен од јужниот бел носорог илјадници милји. Дали нилскиот и белиот носорог припаѓаат на истиот вид? Експертите не можат да се согласат.

Теди и Кермит убиле само девет нилски носорози, иако виделе десетина повеќе. „Многу малку ни е познато за овие северни носорози со четириаголна уста, за да бидеме сигурни дека тие полека не изумираат“, напишал Рузвелт. „Ние немавме намера да убиваме само за трофеи.“

Безглаво влеговме во ера во која новата технологија може да дозволи спасување на видови за кои се претпоставувало дека се осудени на пропаст, но во која заканите доаѓаат во досега незамисливи форми. Претпазливоста на Рузвелт е потврдена: нилските носорози, бидејќи десетици години биле жртви на трофејскиот лов и ловокрадството, се наоѓаат на самиот раб на изумирање. Денес познати како северно бели носорози, од кои на светот ги има само пет, сите се затворени и ниту еден не може да се размножува. На јужниот бел носорог му се заканува исчезнување заради нападите од страна на ловокрадците – иако тие се на светот најбројна врста носорози, можеби 20.000 преостанати, конзерваторите проценуваат дека ако убивањето продолжи да расте, сите диви бели носорози може да исчезнат во рок од 12 години.

Високопрофилната состојба на сродните видови изнесе многу збунувачки предложени решенија, од кои повеќето предизвикуваат сериозни етнички дилеми, ризикуваат ненамерни и загрижувачки последици или се потпираат на недокажана технологија. Ние безглаво влеговме во ера во која новата технологија може да ни дозволи да спасиме видови за кои се претпоставувало дека се осудени на пропаст, но во која заканите доаѓаат во досега незамисливи форми со кои главните заштитници на дивите животни не можат да се справат.

Заштита со замрзнување

Во времето на Теди Рузвелт, спасувањето на видови вклучувало нешто повеќе од прогласување на незаконско ловење и заштита на местото каде може да живеат. Тоа или успевало, како со американскиот бизон, или не успевало, како со прериската кокошка, приземната северноамериканска птица чие исчезнување во 1932 година резултирало од каскада на фактори (вклучувајќи ги генетските проблеми како последица од парење на животни во блиско сродство), бидејќи конзерваторите немале знаење или алати за решавање во тоа време.

Northern white rhino cells

Помеѓу замрзнатите клетки сочувани во Зоолошкиот завод за истражување на заштита „Замрзната зоолошка градина“ во Сан Диего се примероци од 12 нилски (северно бели) носорози. Фотографија: благодарение на зоолошката градина во Сан Диего.

Нилскиот носорог да беше во сегашната неволја пред еден век, сигурно ќе изумреше до сега. Меѓутоа, денешните конзерватори мислат дека можат да го спасат со проширување на границите на репродуктивната наука.

Три од останатите пет нилски носорози, две женки и еден мажјак, живеат во резерватот Ол Пејета во Кенија. Овие животни досега не успеале да се размножуваат поради различни репродуктивни проблеми. Германските и јужноафриканските истражувачи сега ќе пронајдат нови техники за вештачко оплодување на група јужни бели носорози во Јужна Африка, кои во најкраток можен рок ќе се применуваат на нилските носорози во Кенија со последни обиди да се размножи еден од нив.

Во Зоолошкиот завод за истражување на заштита „Замрзната зоолошка градина“ се наоѓаат клетките на повеќето загрозени животни, вклучувајќи ги нилските носорози, кои се длабоко замрзнати во течен азот. Работејќи паралелно со германскиот/јужноафриканскиот труд, вработените во „Замрзнатата зоолошка градина“ планираат користење на техники развиени во Истражувачкиот институт „Скрипс“ за трансформирање на замрзнатите клетки на нилскиот носорог во матични клетки, кои тогаш теоретски ќе можат да се употребат за создавање ембриони кои ќе можат да се инкубираат во јужните нилски носорози во зоолошката градина. Многу делови од сложувалката остануваат несфатени, но тимот на Сан Диего само што доби грант за да ги мапира генетските разлики помеѓу нилските и јужно нилските носорози, кое претставува витален дел од процесот.

Некои конзерватори се плашат дека ако научниците откријат како да создаваат нови животни од замрзнати клетки евтино сочувани во шише, да се каже така, парите за данок ќе бидат насочени далеку од зачувување, а кон работи кои се веднаш повеќе популарни. Исто така се стравува дека младите нилски носорози кои се одгледани од затворените јужни бели носорози нема да научат да се како да се однесуваат во дивината, што е витално за нивното преживување. Можеме ли навистина да кажеме дека сме го спасиле нилскиот носорог, ако тој се однесува како зоолошкиот јужен бел носорог? Колку е важно да се научи „културата“ за да се одржи еден вид, а како да се оживее тој вид?

Трогателно искуство

Чекорите преземени за заштита на јужните бели носорози од немилосрдните напади на уште поорганизирани ловокрадци и препродавачи – кои ги продаваат нивните рогови за неверојатни суми во Азија на потрошувачи кои веруваат дека рогот од носорог лечи рак и други заболувања и деловните луѓе бараат статусни симболи – не се помалку исполнети со неизвесност.

Големи проекти за преместување сега селат стотина носорози од Кругер и други ризични домени во други паркови. Најголемата популација на јужни бели носорози, можеби 7.000 животни, престојува во јужноафриканскиот Национален парк Кругер. Тоа е епицентарот на светските ловокрадци на носорози:  таму се пронајдени 827 трупови во 2014 година, а вистинската бројка на ловокрадени можеби е над 1000. Покрај зајакнувањето на шумарите од паркот со воени единици и собирање на обемни разузнувачки информации за бандите на ловокрадците, властите на паркот не успеаа да го запрат масакрот.

Големи проекти за преместување сега селат стотина носорози од Кругер и други ризични домени во други паркови ширум Јужна Африка и дури во соседните држави како Боцвана – нивните точни дестинации се во тајност бидејќи бандите на ловокрадците се познати и по киднапирање на камионите за преместување за да ги убијат носорозите кои се во нив. Еден план бара дури и создавање на популација африкански носорози во Австралија.

Но, повеќето јужноафрикански конзерватори се претпазливи со големите преместувања на носорозите бидејќи тие се скапи, а ловокрадците се многу подвижни, сега користат нисколетечки хелихоптери и опрема за ноќно гледање за да најдат носорози во оддалечените области. Големите преместени популации можат да станат нови „мети на ловокрадците“, привлекувајќи ловокрадци на претходно мирни места. Исто така, националната гордост влегува во игра, некои јужноафриканци се чувствуваат како да признаваат пораз.

Внимателно планираните преместувања се докажан дел од праксата за заштита, а се користени за зголемување на популацијата на носорози и во минатото спасиле многу други видови. Секако, треба да се разгледуваат во контекст и треба да се земе предвид можноста за создавање нови магнети за ловокрадците (двата проблеми може да се решат само со селење на мали, претпазливо одбрани групи на животни). Изгубената национална гордост претставувала пропаст за последната дива популација носорози, кои живееле во Националниот парк Гарамба во Демократска Република Конго. Во раните 2000-ти, конзерваторите планирале да преместат некои од преостанатите триесетина животни во Кенија за да создадат осигурана популација. Националистичките политичари од Конго направиле застој во преносот, ловокрадството се засилило, а истражувањето во 2008 покажало дека ништо не останало таму.

Изменета жалба

Другите имаат за цел да ги заштитат носорозите со тоа што ги прават нивните рогови помалку привлечни и вредни.

Една група љубители на јужноафриканските носорози започна со вбризгување на светло обоен отров во роговите на живите носорози. Нивната цел е: да ги направат роговите бескорисни за ловокрадците и барем малку опасни за потрошувачите. Пристапот е законски спорен, бидејќи трујачот на рогови може да биде одговорен за штетата направена на потрошувачите, иако потрошувачите го прекршиле законот. Исто така, некои научници тврдат дека отровната мешавина всушност не го штити рогот, па затоа тоа е губење на време.

Една влијателна група на фармери за диви животни во Јужна Африка преземаат обратни мерки. Тие велат, ако азиските потрошувачи не престанат да плаќаат бесмислени цени за ловокрадени незаконски рогови од носорог, можеби африканците треба да ги сменат меѓународните закони за трговија со диви животни и да создадат легална трговија со рогови од одгледани носорози. (Роговите од носорог можат да бидат внимателно исечени на неколку години без да се повреди животното, тие потоа повторно растат). Нивната идеја е да се преполни пазарот со легални рогови, да се избркаат криминалците од бизнисот и да се создадат приходи со чување на носорози.

Меѓународното спротиставување на легалната трговија со рогови е интензивно, и малку е веројатно дека меѓународните договори ќе бидат изменети за временски период значаен за носорозите. Размислувањето е привлечно на прв поглед. Зошто да не им се допаѓа собирањето долари за доброто на носорозите без нивно убивање? Но, критичарите кои го разбираат азискиот пазар, велат дека легалната трговија со високовредните диви животни ја зголемува побарувачката за нивно озаконување во очите на потрошувачите, а создава канали преку кои се перат пари преку ловокрадените производи. Ова се гледа преку легалната трговија со слонова коска и производи од одгледуваните тигри во Кина. Далеку од тоа дека го намалуваат притисокот на диви слонови и тигри, легалите слонови коски и делови од тигар ги направија овие производи повидливи и попосакувани во кинеското општество, доведувајќи го ловокрадството на повисоко ниво. Не постои начин со кој може да се каже дали продуктите се од ловокрадени или диви животни кои се легално одгледани, со тоа незаконскиот материјал полесно се продава на легалните пазари; ловокрадените и легално одгледаните рогови од носорог изгледаат идентично, така што го прават потешко спроведувањето на законот.

Исто така, за одгледувачите на носорози ќе биде многу тешко, можеби невозможно, да ги задоволат двете цели за создавање на голем профит за финансирање на заштитата на носорози и да го преплават пазарот со сопствени производи за да ги истераат од бизнисот незаконските трговци со рогови. Правењето пари за заштита претставува зголемување на цените на роговите до максимум. Намалувањето на криминалната индустрија на диви животни претставува евтина продажба на рогови. Како некој да ги прави двете работи во исто време?

Во секој случај, меѓународното спротиставување на законската трговија со рогови е интензивно, правејќи малку веројатно дека меѓународните договори ќе бидат изменети за временски период значаен за носорозите.

Решенија од воен карактер

Ловокрадството на носорози најчесто се одвива на масовни и нерамни површини кои се тешко достапни за полицијата: на пример, паркот Кругер е голем скоро колку Израел, а други африкански паркови се дури и поголеми. Но, неколку нови компании предлагаат технологија за воен надзор за да ја зголемат способноста на конзерваторите за надгледување на тие пространства. Зашеметувачки асортиман на дронови, камери со голем домет, пречувствителни микрофони, станици за мониторирање на мобилни телефони и најсовремени софртвери се пакувани со специфична цел да ги најдат ловокрадците пред да нападнат.

Недоволниот број на посади за борба против ловокрадството, очајни за помош, се во милост на воено-технолошкиот пристап. Меѓутоа, некои критичари се спречени од трошоците за овој хардвер, нагласувајќи дека милијардите потрошени на слична опрема не успеале да го спречат протокот на луѓето и на незаконските дроги преку границите на Америка. Други се прашуваат дали туристите ќе ги посетуваат парковите што се повеќе наликуваат на воени кампови.

Одгледување на сопствени рогови

Ако сите тие купувачи се грижат за тоа дали рогот е дел од носорогот, зошто не одгледуваат рогови во лабораторија, оставајќи ги животните на мир? Компанија Пембиент, со седиште во Сиетл, има за цел да одгледува рогови идентични на природните (на крајот на краиштата и други производи) користејќи најсовремена биотехника и голем дел од техно-оптимизмот на Силициумската долина.

Критичарите се загрижени дека овој пристап може ужасно да се заврши, исто како и со продавањето легално одгледани рогови. Во умот на некои купувачи, овој пристап може да ги дистанцира роговите од ужасниот бизнис на ловокрадците, правејќи ја нивната употреба повеќе општествено прифатлива. Тоа може контра-продуктивно да се одрази на зголемувањето на побарувачката на ловокрадените рогови кај другите купувачи, бидејќи „вистинските“ рогови може да се сметаат за повеќе оригинални или силни.

Ова веќе се има случено со американскиот женшен, диво растение кое расте на шумските почви во поголемиот дел на Североисточна Америка и е многу баран во Кина за медицинска уптореба. Создавањето на голема индустрија за одгледување на женшен направи коренот на дивиот женшен да биде повеќе баран и подобар, качувајќи ги цените и зголемувајќи го притисокот на дивите популации. Собирањето на женшен од мала сезонска окупација се претвори во голем произведувач на пари во места како Апалачиа. Незаконското берење е многубројно и во некогаш мирните рурални заедници сега се јавуваат многу насилни конфликти за мали парчиња природен женшен.

Пад на побарувачката

Секако, крајното решение за ловокрадство и незаконска трговија со диви животни е за да ги убеди луѓето да не купуваат производи – пристап кој што е познат како „намалување на побарувачка“. Во минатото, многу групи за заштита обврнувале внимание на ова, но организации како WildAid, направиле значаен напредок во подигање на јавната свест против прозиводите од диви животни и ја намалиле потрошувачката, користејќи техники пронајдени од Холивуд и маркетинг индустријата.

Секогаш постои ризик од непосакувани последици. На пример, WildAid соработувале со кинеската кошаркарска ѕвезда Јао Минг и други познати личности за кампањата против сурово и расипничко убивање на ајкули за супа од перка на ајкула, угледен симбол чија потрошувачка пораснала во Кина со растечкото богаство на земјата. Кампањите на телевизиските реклами и билбордите ги виделе сто милиони луѓе во Кина, а минатата година 85 проценти од испитаниците на јавната анкета одговориле дека престанале да конзумираат перки од ајкула во изминатите три години, најчестата наведена причина е подигањето на свеста преку кампањите. Кинеските трговци на големо, известуваат за големи опаѓања во продажбата, а рибарите од Азија го напиштаат бизнисот со перки од ајкула, бидејќи цените се премногу ниски.

Голем број на групи за заштита на диви животни се бори усно, преку медиуми и кампањи на мобилните телефони против продажба на слонова коса и рогови од носорог во Азија, а анкетите покажуваат дека и јавните ставови се менуваат против овие производи. Меѓутоа, многу работи треба да се научат во денешниот развиен медиумски простор, а секогаш постои ризик од непосакуваните последици на кампањите. Многу групи за заштита одбиваат да стават бројка на високите улични цени на рогови, на пример поради стравот од охрабрување на поголема трговија.

Незамисливо

Неодамна, заштитата главно била за разбирање на биологијата на загрозените видови, заштита и управување на нивните навики и лобирање на нови закони. Денеска, спасувањето на високовредните видови како носорозите и слоновите значи надмудрување на вештото ловокрадство и мрежите на трговија, кои се зачудувачки добро финансирани, способни да ја искористат најсовремената технологија и да не бидат оптоварени од здодевни законски процеси и владини одбори.

Чуварите на дивите животни треба да станат експерти за манипулирање со гени, криминолози, воени технолози и трговци. Тие мора да се справуваат со практични и етнички проблеми кои претходните генерации не можеле ни да ги замислат.

Тоа очигледно не е сјајно решение. Конзерваторите немаат друг избор освен да ја сфатат иднината и да се борат со нејзината ризична технологија ако носорозите – и илјадници други животни – продолжат да живеат во која било друга состојба налик на нивниот див, стар начин.

Адам Велц е писател/режисер, долгогодишен природонаучник, зависен птичар и голем дискутант. Тој е јужноафрикански претставник на WildAid, непрофитна организација која се фокусира на завршување на побарувачката на незаконските производи од диви животни. Пишува твитови од @AdamWelz и @WildAid_SA.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.