Лаф Продукција, чилеанскиот тим зад неколку пресмешни вирални видеа во Латинска Америка

Screen Shot 2016-01-18 at 13.03.45

„Порно за хипстери“ е еден од смешните скечеви кои нашироко се споделуваа помеѓу корисниците на социјални медиуми од шпанско говорно подрачје, каде се исмева одредено клише на некои социјални групи. Скриншот од видеото, кое е достапно на ЈуТјуб профилот на Лаф Продукција.

Младите Латиноамериканци го откриваат потенцијалот на интернетот за ширење на нивните уметнички погледи — и комедијата не е исклучок. Таков е случајот на Лаф Продукција, маркетинг компанија предводена од тим на креативни Чилеанци.

Благодарение на моќта на социјалните мрежи, популарноста на смешните видеа на Лаф ги надмина и границите на Чиле. Младите комедијанти позади Лаф — чие име има за цел да звучи како англискиот збор „смеење“ — веќе имаат еден куп следбеници на Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб.

Тимот, кој е составен од Андрес Федерсен (бизнис директор), Лорето Араја (креативна директорка и главна актерка во смешните скечеви) и Себастијан Лавадос (аудиовизуелен продуцент), стана славен не само во Чиле, но исто така и во други држави од Латинска Америка како што се Аргентина и Мексико.

“Открив нова музичка група од Данска која никој не ја знае” ХАХА #ПорноЗаХипстери #Лаф

Авторите велат дека клучот за нивниот вирален успех е правењето на видеа имајќи ги на ум мобилните телефони и сегментирањето на нивната публика со помош на Фејсбук.

Во интервју за локална медиска куќа БиоБиоЧиле, Андрес објаснува:

En Internet no tienes tiempo de presentar a un personaje. Un personaje con su atuendo e historia; eso es muy lento. Entonces, como no puedes ponerle nombre a los personajes, para que la gente los identifique y entienda la historia, tiene que sentir que les dices algo a ellos mismos […] Tienes tan poco tiempo para captar la atención de una persona que va bajando por el timeline, que tienes que darle algo que de inmediato le haga sentido a su cultura. Son otros tiempos, es otra manera de presentar las cosas.

На интернет, немаш време да претставиш лик. Лик со негов или нејзин специфичен изглед и историја, тоа одзема премногу време. Па, со тоа што не можеме да ги именуваме ликовите, со цел луѓето да ги препознаваат и да ја разберат приказната, мора да направите да публиката се поврзе со нив на лично ниво […] Имате толку малку време да го задржите вниманието на некој што скрола по тајмлајнот, и морате веднаш да им дадете нешто со кое ќе се поврзат. Периодот е таков да мораме да ги презентираме работите поинаку од порано.

Неколку типови на милениумската култура му дадоа на чилеанскиот тим материјал за скечеви, каков што е нивниот  видео серијал „Порно за“, кое ги исмејува хипстерите, фановите на Војна на ѕвездите, и вегетеријанците, меѓу останатите:

Лаф тимот дава хумористична верзија на секојдневните теми, и можеби тоа е една од причините за нивниот успех. Луѓето во нивните 20-ти и 30-ти можат да најдат нешто со кое се идентификуваат во нивните видеа, и да се насмеат:

Друг извор за пародија на групата беа и родовите искуства:

Иако неколку ликови се поврзани со универзални теми, специфични карактеристики поврзани со чилеанскиот идентитет исто така се пронајдоа во скечовите. Во видеото “7 типични неуспеси на 18 септември”, комедијата се фокусира на прославите за Денот на независноста во Чиле. По таа линија, збирката видеа “#HowI'mViewed” (КакоСумПерцепиран) ги исмејува стереотипите кои Чилеанците од главниот град ги имаат за нивните сограѓани од внатрешноста, и обратно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.