Дали Светскиот форум за демократија е простор на автентичен дијалог?

DSC07669

Светски форум за демократија во Стразбур. ФОТОГРАФИЈА: Marie Bonher.

Од 18 до 20 ноември, во Советот на Европа во Стразбур, се одржа Светскиот форум за демократија или просторот за постигнување на врвниот консензус. Покрај неизбежните прашања за нападите во Бејрут и Париз, главна тема на дебата на Форумот беше „Слобода наспроти контрола: кон демократски одговор“. На Форумот бевме заедно со Сузан Лен и Елиз Лекемп од Global Voices. Во продолжение е краток преглед на Форумот, виден низ призмата на „универзалноста наспроти интеркултурниот дијалог“.

По три дена поминати во дебатирање на тркалезни маси и слушање на сведоштвата во европската метропола, сфатив дека од огромно значење не се само нашите сличности, туку и разликите – како и шансата отворено да зборуваме за нив. Доминантното расположение на Форумот беше осудата на терористичките напади, што истовремено беше и потсетник дека Париз е далеку од единствената цел.

Faiza Patel is the first to speak up #CoE_WFD : “the terrorists are expecting a warlike language from us”

Фаиза Пател е првата која говори #CoE_WFD : „терористите од нас очекуваат воинствен речник“

To counter the barbarity that is terrorism, we must demonstrate firmness, solidarity and the strength of our democratic values. #CoE_WFD

За да се спротиставиме на варваризмот наречен тероризам, мора да ја демонстрираме нашата цврстина, солидарност и силата на нашите демократски вредности. #CoE_WFD

За време на тридневната дебата на Форумот, две илјади учесници од повеќе различни националности се собраа со цел да изнајдат сличности во нивните „вредности“. Додека некои од нив ги величеа „европските вредности“, не додавајќи други детали, мнозинството се обедини зад заедничкиот банер на „универзалност на човековите права“, што всушност беше и мантрата на овие средби.

“I want our children to live in a world of European values.”

Сакам нашите деца да живеат во свет на европски вредности

Темата на настанот, „Слобода наспроти контрола“, ги гледаше работите на манихејски начин, разгледувајќи ги двата термини како непоправливи спротивности. Па така, требаше сами да одлучите која страна ќе ја застапувате, а поради тоа и почесниот судија Филипе Билгер беше исвиркан од цел еден табор во Собранието. Судијата Билгер се осмели да го изрази мошне непопуларниот став дека тој „нема да биде против откажување од своите лични слободи во име на поголема колективна безбедност.“ Дали и јас го делам неговото мислење не е тема на овој текст. Сепак, фактот дека неговиот говор беше исвиркан поради тоа што беше дијаметрално спротивен од ставовите на мнозинството, ме загрижи бидејќи ја потенцира неподготвеноста за прифаќање на различните мислења на луѓето, што пак ја отежнува можноста за дебата.

Токму од овие причини ќе си заминам малку разочарана, или подобро кажано загрижена за Светскиот форум за демократија. Демократијата е уметност на согласувањето, но исто така е и уметност на дебатирањето. Торбјорн Јагланд, Генералниот секретар на Советот на Европа, ја потенцираше слабоста во уметноста на демократијата уште од самиот почеток на Форумот, велејќи дека ние сме нејзините главни чувари, но и оние кои се одговорни за одржување на  рамнотежата меѓу согласувањето и дебатирањето.

За среќа, како што е случајот и со самитите на Global Voices, најважни кај ваквите настани се средбите, размената на мислења и повремените пријателски несогласувања што се случуваат надвор од официјалната програма. Таквите средби, што ги откриваат различностите и покажуваат дека сме комплексни и разнолики суштества, се оние што со текот на времето ќе ни помогнат да ги промениме ставовите. Преку креирање простор за отворена дискусија и дебата, ќе бидеме способни да погледнеме отаде нашите верувања и да пронајдеме интеркултурна емпатија, што пак од друга страна, ќе ни помогне нештата да ги видиме појасно. Само тогаш и единствено тогаш, Светскиот форум за демократија ќе има целосна смисла, а зборовите на Микаил Жан навистина ќе бидат сослушани:

The World Forum for Democracy is one of these places where the future can be thought about and can be shaped

Светскиот форум за демократија е едно од оние места каде иднината може да биде обмислена и оформена

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.