Блогот Велеменивезер искоментира (на унгарски) дека веста дека активисти од најпопуларното движење за граѓански права ги проверува Националната даночна и царинска управа е знак на страв од владеачката партија Фидес: „Две години по освојувањето двотретинско мнозинство, веќе фаќаат муви [lat], па бркаат граѓански активисти“. Движењето кое е цел на тековните владини напори е познато како Милла потекнува од Фејсбук-страницата „Еден милион за слобода на печатот во Унгарија“ (со над 99.000 следбеници) и организираше неколку протести против новиот закон за медиуми и политиките на Владата. Милла планира голем протест на унгарскиот државен празник 15 март.
1 коментар
Според авторката, фразата „веќе фаќаат муви“ се однесува на латинската поговорка Aquila non capit muscas – орелот не фаќа муви. Важна личност не (треба да) се занимава со неважни работи/ситници.