- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Обединето Кралство: Лондон гори (видеа)

Категории: Западна Европа, Велика Британија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Младина, Најважни вести

Револтот поради полициското убиство на 29 годишно момче во Тотенхем, северен Лондон, на 4-ти август, 2011 година, дополнет со расна тензија, прерасна во бунт и пљачкосување [1] на младите низ Лондон и други градови во Обединетото Кралство.

На Твитер, хаштагот #LondonRiots [2]е постојано ажуриран со нови коментари, линкови, гласини и извештаи од сведоци. Надевајќи се дека на бунтувањето наскоро ќе му дојде крај, граѓаните го користат хаштагот #RiotCleanup [3], преку кој што организираат волонтери, кои ќе помогнат да се исчистат улиците и да се надоместат штетите.

Насилството започна во саботата, на 6-ти август, по протестот пред полициската станица во Тотенхем со кој што се бараше „правда“ за жртвата Марк Дуган [4]. Според информациите на БиБиСи, [5] протестот започнал мирно, но завршил со палење коли, згради и двокатни автобуси.

Видеото објавено од страна на Прокопи Константиноу [6] го покажува распламтениот оган и чад над северен Лондон, утрото на 7-ми август (музиката е на Dogtanion [7]):

Новинарот КЦ Вајлдмун [8] водеше блог на настани полни со приказни [9], како што бунтовите се ширеа и распространуваа во неделата и понеделникот, од Лондон па се до Енфилд, Далстон и Брикстон.

Мапата на радио футурологот Џејмс Кридленд [10] (@JamesCridland) покажува колку далеку се рашириле бунтовниците. Целосниот приказ на мапата [11] ги покажува инцидентите во Бирмингем и Ливерпул.

Види ги Лондонските бунтови/ бунтовите во ОК: потврдени области [12] на поголема мапа

Граѓаните го одработија својот дел во следењето на насилството преку видеа, слики и мапи.

Блогерот на Глобал Војсис Џанет Гинтер [13], утрото во понеделникот, поставила „Мапа на инциденти/настани во Брикстон„ [14] користејќи ја Ушахидовата алатка Crowdmap.com [15] за следење на вестите во врска со бунтовите во нејзиното соседство во јужно-западен Лондон.

На крајот од денот, на веб-сајтот биле регистрирани 22 извештаи за пљачкосување и само една „добра вест“ и тоа, локална пекара раздавала бесплатни колачиња. [16] Помеѓу видеата постирани на сајтот биле и оние на @subedited [17]и @emmareyn [18] кои го прикажуваат пљачкосувањето на Т-Мобајл продавница на патот Брикстон (главната трговска улица) од почеток до крај. Арамиите излегле и од соседниот H&M со раце полни облека.

Едно видео ја прикажува младината, во соседството Бетнал Грин во источен Лондон, како крши шишиња и излози на продавници, додека помалкубројните полицајци се движат кон нив со кренати штитови.

Граѓанскиот онлајн весник Blottr.com [19] содржи извештаи и слики (од здружени сведоштва на многу луѓе споделени на разни интернет платформи) од настаните во цело Обединето Кралство.

Но, зошто?

Како што разорувањето продолжува, јавното трпение е веќе при крај.

Поддржувајќи ги многуте коментари на Твитер, @OxfordGirl вели:

@OxfordGirl: [20] Нема бунтување, нема протести, нема барања, ниту пак слогани, ова е само пљачкосување и уништување на Лондон. Господ нека ни е на помош. #LondonRiots

Текстописецот и МЦ, Кеси Рејн, [21] постави блог на Тумблр посветен на бунтовите во Бирмингем [22] со слики и вести. Тој во понеделникот сподели и личен коментар [23], со кој што ги убедува луѓето да имаат сочувство за бунтовниците:

Лесно е да ги етикетираш бунтовниците како „ѓубре кое нема попаметна работа“, меѓутоа тука се работи за многу посложена работа. Јас како млад човек, дел од етничкото малцинство во внатрешноста на градот можеби знам некои од овие луѓе. Јас можам да се поврзам со тоа чувство на беспомошност. Бев доволно среќен да успеам како музичар и да имам шанса да создадам позитивна иднина за себе, но овие деца бунтовници сметаат дека немаат никаква иднина. Општеството ги изневери, а и владата со кратење на средствата за финансирање на уметноста и затворање на младинските центри, невработеноста е стигната до оној степен, каде што дури и оние кои очајно бараат работа не можат да ја најдат, а точката на вриење на сето ова (настаните околу Марк Дуган) е ситуација која е МНОГУ РЕАЛНА.

Блогот на весникот Гардијан [24] има постојано ажурирани новости. Помеѓу неколкуте групи на Фејсбук, кои ги следат вестите во врска со бунтовниците се и „London Riots 2011“ [25] и „London Riots“ [26].

Силвиа Пресли [27] (@PresleySylwia [28]) и Астерис Масурас [29] (@Asteris [30]) помогнаа со истражување и линкови.