- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тоталното затемнување на месечината ги инспирира видео-блогерите

Категории: Кариби, Латинска Америка, Северна Америка, Аргентина, Белизе, Бразил, Германија, Јужна Африка, Канада, Мексико, Република Чешка, САД, Граѓански медиуми, Животна средина, Наука

Видеа од различни земји го прикажуваат тоталното затемнување на месечината [1], во случај да сте го испуштиле или би сакале повторно да го доживеете тој момент. Единственото тотално затемнување на месечината оваа година се случи на 20 февруари, а следното ќе биде на 21 декември 2010.

Затемнувањето на месечината е настан кој се случува кога полна месечина минува низ сенката на земјата , а под тотално затемнување на месечината се подразбира дека таа поминува низ најтемните делови од сенката на земјата, позната како Умбра. Според НАСА [2], затемнувањето на месечината кое траеше три часа и дваесет и шест минути, беше видливо од Јужна Америка и поголемиот дел од Северна Америка (на 20 февруари), како и од Западна Европа, Африка и Западна Азија (на 21 февруари).

При разгледување на ЈуТјуб може да се најдат многу различни видеа од затемнувањето:

Од Белисе, корисникот басимпакт [3] го има поставено следново видео со музика од флејтистот Пабло Коладо (Pablo Collado [4]):

Од Аргентина, корисникот КрАинаготејбл [5] го поставил ова видео со титлови, објаснувајќи го процесот и обликот од неговиот прозорец, а додадени се и неколку слики превземени од телевизија од различни делови на Аргентина.

Од Кејптаун во Јужна Африка, Фин Грегори [6] има видео кое покажува како изгледало затемнувањето од таму:

Од Мексико, корисникот холатобаско поставил видео [7] каде врева од улиците ја придружува речиси невидливата светлина од месечината која полека исчезнува.

Корисникот покео1 [8] го поставил ова видео со слики од повеќе локации од светот вклучувајќи ги Америка, Канада, Чешка, Бразил и Германија.

Lunar Eclipse South America by henriquetyds

Слика: Затемнување на месечината во Јужна Америка [9] од хенрикутудс [10]