Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: Министерството за култура го напушта Криејтив комонс

На 9 јануари, Глобални гласови ја споделија загриженоста на многу бразилски граѓани кои напишаа отворено писмо до избраната претседателка Дилма Роусеф и новата министерка за култура Ана Де Холанда. Во писмото се повикува министерката да ја задржи политиката на минатата влада во врска со  интернетот, инклузивната јавна политика, дигиталната култура и авторските права.

После две недели, на 20 јануари, бразилскиото Министерство за култура ја отстрани лиценцата на Криејтив комонс (Creative Commons) од официјалниот веб сајт. Наредбата за отстрануваање, наводно била дадена од министерката Де Холанда и предизвика разни реакции на социјалните мрежи како и помеѓу блогерите.

Бразилскиот Криејтив комонс (Creative Commons), на Твитер (@CC_BR),  веднаш се спротистави на одлуката на Министерството

Криејтив комонс Бразил го интерпретира отстранувањето на лиценцата од веб сајтот на Министерството за култура како одбивање на подршката на #digitalculturebr

Криејтив комонс е непрофитна организација која развива, подржува и стимулира легална и техничка инфраструктура за да се максимизира дигиталната креативност, споделба и иновација. КК лиценците се флексибилни, а земјите кои имаат правни претставнници на институцијата често адаптираат лиценца која одговара на нивното законодавство. Нивното бразилско претставништво репостираше прилог од Revista ARede (Веб магазин) каде се зборува за големото политичко значење на замената на делот „Содржината на овој веб сајт е објавена под Криејтив комонс лиценца“- кое датира на страната од 2004 година- со „Корисничка дозвола: содржината на овој веб сајт, направена од Министерството за култура, може да се репродуцира доколку се наведе изворот“:

Da forma que está hoje, o site do MinC não tem uma licença válida, explica Ronaldo Lemos, diretor do Centro de Tecnologia e Sociedade (CTS) da Fundação Getúlio Vargas e diretor do Creative Commons Brasil. “Do ponto de vista jurídico, a frase que colocaram lá não quer dizer nada. Quem utilizar os conteúdos do site com base nela enfrenta um problema de insegurança jurídica enorme”, afirma ele. Além disso, a frase que o MinC deixou no site no lugar da licença CC fala apenas em “reprodução”. “Os direitos do CC são muito mais amplos e melhor formulados, abrangendo a produção colaborativa, o desenvolvimento de obras derivadas, a disseminação e assim por diante. Dessa forma, o site do MinC perdeu muito com a mudança”.

Вака поставениот веб сајт  на Министерството за култура нема валидна лиценца, објснува Роналдо Лемос, директор на Центарот за технологија и општество на Фондацијата Гетулио Варгас и лидер на Криејтив комонс Бразил. „Од правна перспектива, фразата која ја имаат ставено не значи ништо. Оној кој што ќе ја искористи содржината на веб сајтот ќе се соочи со голем проблем на несигурност во врска со надлежноста“, изјавува Лемос. Поточно, реченицата која Министерството ја има употребено како замена за КК лиценцата споменува само „репродукција“. „Правата на КК се опширни и подобро објаснети, било дали се работи за заедничка продукција, создавање на изведени дела, споделување итн. Од таа гледна точка, веб сајтот на Министерството за култура, изгуби многу со оваа промена.“

Следниот ден, поради реакцијата на групите и индивидуите, Министерството за култура одговори со официјална реакција онлајн:

“A retirada da referência ao Creative Commons da página principal do Ministério da Cultura se deu porque a legislação brasileira permite a liberação de conteúdo. Não há necessidade do ministério dar destaque a uma iniciativa específica. Isso não impede que o Creative Commons ou outras formas de licenciamento sejam utilizados pelos interessados.”

Отстранувањето на референцата на КК од сајтот на Министерството за култура, се случи затоа што бразилската легислатива дозволува либерализација на содржината. Нема потреба Министерството да спроведува посебна иницијатива. Ова не ги запира КК или било која друга форма на лиценцирање да биде употребена од некој кој е заинтересиран за тоа.

Левичарскиот блогер Марко Вајсхејмер коментира на одговорот од министерството и прави компарација на одлуката на сегашната министерка со работата направена во мандатот на Гилберто Гил, пејач и текстописец кој бил Министер за култура од 2003 до 2008 година. Тој вели:

A nota não aliviou as críticas e a preocupação com a continuidade da política iniciada na gestão de Gilberto Gil na Cultura. Durante a gestão de Gil, o Ministério da Cultura aderiu ao Creative Commons. Mais do que isso, Gil se tornou, em 2004, o primeiro compositor brasileiro a ceder direitos de uma canção à licença. O governo federal também passou a utilizar maciçamente as licenças. O Blog do Planalto, por exemplo, é licenciado dessa forma.

Изјавата не ги ублажи критиките и грижите за континуитетот на политиките иницирани во време на мандатот на Гилберто Гил во Министерството за култура. За време на мандатот на Гил, Министерството се приклучи кон КК. Освен тоа, во 2004 година Гил стана првиот бразилски композитор кој се откажа од правата над песна во корист на КК. Исто така, федералната влада ја прошири употребата на КК лиценците. На пример “Blog do Planalto”( Претседателскиот блог), е лиценциран со КК.

Во интервју на блогот Fatos Etc, социологот Сергио Амадеу смета дека позицијата на министерката е неочекувана, посочувајќи на контраверзноста на новата политика. Тој осудува бидејќи, самата министерка направила нелегално дело, а нејзината позиција е во контрадикторност со политиката на претседателската влада:

A Dilma mantém o Blog do Planalto, instalado, implementado pelo presidente Lula em Creative Commons, e que continua em Creative Commons. E ela, a ministra, fez um ato que é afrontar a política de compartilhamento iniciada no governo Lula e afrontar a própria Dilma, que disse exatamente que iria continuar a política iniciada na gestão do Gilberto Gil e do Lula. Então ela, além disso, cometeu uma ilegalidade, porque não poderia tirar as licenças do Creative Commons das matérias e postagens que já tinham sido publicadas em Creative Commons.

Дилма го ажурира Blog do Planalto - кој беше инсталиран и имплементиран од поранешниот претседател Лула под КК, и сеуште се наоѓа под КК. Таа, министерката (за култура), направи движење кое се судира со политиката на споделување која започна во владеењето на Лула, заедно со Дилма, која рече дека таа  ќе продолжи со политиката на Гилберто Гил и мандатот на Лула. Ана Де Холанда, во прилог на тоа, изврши кривично дело затоа што не може да ја отстрани лиценцата Криејтив Комонс од вестите и извештаите кои веќе се објавени под таа лиценца.

Некои блогери дискутираат дали Ана Де Холанда можеби има придобивки од ЦБСД (Централно Биро за Собирање и Дистрибуција), организација одговорна за дистрибуција на даночни придобивки за авторски права. Џералдин Хуарез, пишувајќи за блогот  alt1040, коментира како новата министерка, која и самата е музичарка, профитирала од индустријата за авторски права и продолжува велејќи:

El único país que apuntaba en la dirección correcta para reformar de una forma justa para toda la sociedad y coherente con los retos que la digitilización implica, era Brasil. El Proyecto de Ley de Derecho de Autoral y su agenda de Cultura Digital creada por Gilberto Gil han sido uno de los factores que definitivamente ayudaron a voltear y fijar la mirada en Brasil.

Единствената држава која ги движеше правата кон реформа (во врска со Законот за авторски права) во соодветна насока за општеството, во насока кохерентна со предизвиците наметнати од страна на „дигитализацијата“ беше Бразил. Законот за авторски права и Агендата за дигитална култура содадени од Гилберто Гил беа некои од факторите кои дефинитивно помогнаа да се уловат и задржат сите погледи врз Бразил.

Од друга страна, пишувајќи на блогот Ponto e Contraponto, авторот Лен ја критикува реакцијата на КК заедницата и нејзините подржувачи. Тој расправа дека текстот за замена и лиценцата за авторски права помагаат со тоа што за просечната јавност овозможуваат подобро разбирање во врска со тоа што може да се направи со содржината на веб сајтот:

Eu vejo como uma mudança positiva. A gente tem que levar sempre em consideração que são os usuários avançados de internet e os nerds que conhecem o CC e o significado das licenças. A maioria esmagadora que usa a internet e tem conhecimento básico não possui a menor ideia do que aqueles selos significam e muito menos em uma sigla em língua estrangeira. A frase grafada no rodapé da página, escrita em português informa melhor a um número maior de pessoas. As pessoas que não conhecem o significado dos selos da CC podem ter seus sites ou blogs e querer usar material do site do MinC, e com essa mudança eles também vão saber que podem usar o conteúdo, desde que citem a fonte.

Јас на тоа гледам како на позитивна промена. Мора секогаш да земаме во предвид дека, напредните корисници на интернет се оние кои знаат за КК значењето на лиценцата. Поголем дел од мнозинството кои користи веб и има само основно знаење нема никаква идеја за тоа што значат тие етикети посебно ако се на странски јазик. Реченицата напишана на португалски на дното од веб сајтот подобро информира поголем дел од народот. Луѓето кои не го знаат значењето на етикетите на КК можеби имаат сопствен сајт или блог, а сакаат да ја користат содржината од веб сајтот на Министерството, па со оваа промена истите на тој начин ќе знаат дека можат да ја употребат таквата содржина доколку го наведат изворот.

Исходот од постапките на министерката Де Холанда е сеуште нејасен: додека цврстата позиција против КК од страна на некои блогери е интерпретирана како јасен чекор наназад во дебатата за дигиталната култура во Бразил, други сметаат дека промената е можност да се дискутираат авторските права. Впрочем, групи како што се „Транспаренција Хакер“, активисти за форум за транспарентност и отворени податоци во Бразил, дебатираат за тоа дали треба или не треба целата содржина направена од  бразилската влада да биде во јавен домен, следејќи го принципот на дисеминација на јавните информации  кои се нагласени и во Уставот.

Овој прилог беше лекториран од страна на  Џејн Гунтер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.