- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Светски ден за борба против сидата 2010

Категории: Граѓански медиуми

На 1-ви декември, по 22-ри пат, Светскиот ден за борба против сидата [1] го привлекува вниманието кон повеќе од  33-те милиони [2] луѓе кои живеат со ХИВ. Во 2009 година повеќе од 1000 деца [3] дневно, низ целиот свет, беа заразени со ХИВ.

Светскиот ден за борба против сидата гради глобална солидарност, а оваа година е иницирана кампањата Светло за права [4]. Кампањата ги охрабрува луѓето од градовите низ целиот свет да ги затемнат светилките на главните обележја за се сетат на катастрофалниот ефект кој го имаше сидата и да фрлат светлина на основните права кои сите ние ги споделуваме. Настаните на Светло за права ќе се  одржат на сите континенти, а вие можете да го побарате најблискиот до вас на оваа мапа [5].


Позитивно блогирање

Blogging Positively [7]Светскиот ден за борба против сидата [1] е одлична можност да се сподели знаење и да се шират конструктивни идеи во врска со оваа разурнувачка пандемија. Водичот на  Растечки гласови [8]Позитивно блогирање [9]” покажува како граѓанските онлајн медиуми можат да бидат искористени за да ја подигнат свеста и да започнат разговори за ХИВ/СИДА низ целиот свет.

На 2ри декември (во 11 часот наутро според источно-европско време или 4 часот попладне според средно-европско време), Растечки гласови [10] ќе спонзорира чет во живо за да истражи кои би требало да бидат следните чекори  за водичот Позитивно блогирање, вклучително и тоа, како може да биде искористен во различни заедници. Доколку сте заинтересирани за оваа тема и имате идеи за тоа како граѓанските медиуми можат да ја подигнат свеста за ХИВ/СИДА низ целиот свет или доколку само сакате да дознаете повеќе за Растечки Гласови, ве молиме придружете ни се на четот во живо тука [7].

Одбрани објави на Глобал Војсис од 2010 во врска со ХИВ/СИДА

30 сеп - Африка: ХИВ позитивни жени стерилизирани, дискриминирани и стигматизирани [11]
06 сеп- Кина: Тиан Кси заслужува среќа [12]
03 апр – Узбекистан: појавата на ХИВ е прикриена, учесник во кампања за борба против сидата е осуден [13]
03 фев – Како што Либерија се стабилизира, така младите почнуваат да зборуваат за секс [14]
24 јан – Саудиска Арабија: лекувањето на сидата оди чекор назад [14]