Светски ден за борба против сидата 2010

На 1-ви декември, по 22-ри пат, Светскиот ден за борба против сидата го привлекува вниманието кон повеќе од  33-те милиони луѓе кои живеат со ХИВ. Во 2009 година повеќе од 1000 деца дневно, низ целиот свет, беа заразени со ХИВ.

Светскиот ден за борба против сидата гради глобална солидарност, а оваа година е иницирана кампањата Светло за права. Кампањата ги охрабрува луѓето од градовите низ целиот свет да ги затемнат светилките на главните обележја за се сетат на катастрофалниот ефект кој го имаше сидата и да фрлат светлина на основните права кои сите ние ги споделуваме. Настаните на Светло за права ќе се  одржат на сите континенти, а вие можете да го побарате најблискиот до вас на оваа мапа.


Позитивно блогирање

Blogging PositivelyСветскиот ден за борба против сидата е одлична можност да се сподели знаење и да се шират конструктивни идеи во врска со оваа разурнувачка пандемија. Водичот на  Растечки гласовиПозитивно блогирање” покажува како граѓанските онлајн медиуми можат да бидат искористени за да ја подигнат свеста и да започнат разговори за ХИВ/СИДА низ целиот свет.

На 2ри декември (во 11 часот наутро според источно-европско време или 4 часот попладне според средно-европско време), Растечки гласови ќе спонзорира чет во живо за да истражи кои би требало да бидат следните чекори  за водичот Позитивно блогирање, вклучително и тоа, како може да биде искористен во различни заедници. Доколку сте заинтересирани за оваа тема и имате идеи за тоа како граѓанските медиуми можат да ја подигнат свеста за ХИВ/СИДА низ целиот свет или доколку само сакате да дознаете повеќе за Растечки Гласови, ве молиме придружете ни се на четот во живо тука.

Одбрани објави на Глобал Војсис од 2010 во врска со ХИВ/СИДА

30 сеп - Африка: ХИВ позитивни жени стерилизирани, дискриминирани и стигматизирани
06 сеп- Кина: Тиан Кси заслужува среќа
03 апр – Узбекистан: појавата на ХИВ е прикриена, учесник во кампања за борба против сидата е осуден
03 фев – Како што Либерија се стабилизира, така младите почнуваат да зборуваат за секс
24 јан – Саудиска Арабија: лекувањето на сидата оди чекор назад

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.