Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Израел: Хари Потер не го почитува еврејскиот празник Сабат?

Синхронизираната светска премиера на Хари Потер и реликвиите на смртта, се падна во 2:01 часот наутро според локалното време во Израел, за време на еврејскиот Сабат, кога израелскиот закон налага сите бизниси да бидат затворени. Како и да е, најголемиот синџир на книжарници во Израел, Стеиматски (Steimatzky), одржа гала настан на пристаништето во Тел Авив, на кој што ја промовираше книгата во закажаниото време. Министерот за индустрија, трговија и труд, Ели Ишаи, побара од водечките книжарници во Израел да не почнуваат со продажба на книгата додека трае Сабатот, туку да ја одложат до завршувањето на празникот. Тој има намера да ги казни и да им суди на оние книжарници кои нема да го испочитуваат основниот израелски закон за работно време.

Стеиматски го одржа настанот според планираното, привлекувајќи илјадници страстни фанови вчера доцна во ноќта. Израелскиот закон забранува било каква работа на еврејскиот народ за време на Сабатот. Меѓутоа, во реалноста, расте бројот на бизниси кои што работат активно, со полна пареа за време на празникот. Дури и да бидат казнети, за повеќето е многу исплатливо да работат за време на предвидениот ден за одмор. Сепак, наспроти верувањата на многу луѓе, целта на овој закон не е само религиозна, туку содржи и социјални намери, ги заштитува правата на вработените пред нивните шефови. Законодавецот почувствува потреба да му додели на секој вработен, сеедно дали нецрковен или религиозен, по еден ден одмор во неделата, кој би го поминал во кругот на семејството. Но, во вакво конкурентно, капиталистичко опкружување, каде има силна побарувачка за слободно време преку викендот, ќе биде искористено од страна на пазарните сили дури тоа да значи и доживување парични загуби поради наметнатите казни. На крај, вкупниот профит најчесто ја надминува таа загуба.

Еден израелски блогер објаснува некои комплексности на овој закон:

זה לא סוד שלאורך שנים נפערות שוב ושוב מחלוקות קשות בין דתיים לחילוניים בנוגע לדרך התנהלות סדרים מסוימים במדינה, ובפרט בנושא השבת שהוא עניין בעייתי במיוחד. חוק שעות עבודה ומנוחה קובע את השבת כיום מנוחה וטומן בחובו איסור מפורש על עסקים מסחריים לפעול בשבת, אולם המציאות בישראל כיום מוכיחה שאיסור זה אינו נאכף כמעט לחלוטין.ראו מה קורה היום – ההפקרות חוגגת: יותר ויותר עסקים נפתחים בשבת, מרכזי קניות ומתחמים גדולים פועלים ללא הפרעה וכתוצאה מכך נוצרת תחרות קשה בין רשתות-ענק לבין עסקים עצמאיים קטנים הסופגים הפסדים רבים כיוון שלא יכולים להרשות לעצמם להעסיק עובדים בשבת.נשאלת השאלה: האם זה הוגן להפעיל את החוק באופן סלקטיבי כזה – האם הטלת קנסות על חנויות הספרים שיפיצו את הארי פוטר בשבת זה מה שישנה את כל זה? האם זה מה שיציל את דמותה של השבת בפרהסיה? מדוע דווקא עכשיו בוחר השר לשחק אותה סופרמן שרץ להציל את דמותה של השבת מידיהם של החוטאים והכופרים? איפה נמצאים אלי ישי ורביץ כל שבת כאשר המוני בני ישראל צובאים על מרכזי הקניות ההומים?… הגיע הזמן שתאכפו את החוק כמו שצריך, או שתמשיכו לא להתערב כפי שעשיתם עד עכשיו.עוד תהייה שעולה אצלי היא, האם השר הנכבד היה מגיב באותה צורה אלמלא היה מדובר בספר שלכאורה קורא תגר על האמונה הדתית.
האם אין גבול לצביעות?…

Не е тајна дека со текот на годините се јавуваат сложени несогласувања помеѓу религиозните и безбожните граѓани, во однос на начинот на кој се решаваат одредени прашања во оваа држава, на пример темата за Сабатот е посебно проблематична. Израелскиот закон го прогласува Сабатот како ден за одмор и категорично им ја забранува работата на трговските тела во рамките на временскиот интервал во кој се празнува. Во реалноста, овој закон едвај се применува. Погледнете што се случува денес. Се повеќе и повеќе фирми работат во сабота, трговските центри и други комерцијални области оперираат без какви било пречки, и како резултат на сето тоа постои силна конкурентност помеѓу поголемите синџири на продавници и малите независни бизниси, кои доживуваат големи загуби, бидејќи не можат да си дозволат да најмат работници кои ќе им работат во сабота (и да ги платата казните).

Се прашувам колку е правилно да се применува овој закон на таков селективен начин – ќе се реши ли нешто ако се казнат книжарниците кои ја продаваат книгата за Хари Потер во сабота? Ќе го спаси ли сето ова јавното лице на Сабатот? Зошто министерот го одбра баш овој момент да го спасува лицето на празникот од грешниците, правејќи се суперхерој? Каде се Ели Ишаи и Равиц секоја сабота кога огромна толпа на Израелци се собира во трговските центри? Време е да почнете да го спроведувате законот правилно или да продолжите да седите со скрстени раце.

Се уште се прашувам дали министерот би реагирал на ист начин, доколку продадената книга јавно не ги критикува религиозните верувања. Не постојат ли граници за лицемерието?

Подолу можете да видите еден од постерите кој беше поставен на настанот и го привлекуваше вниманието на илјадници возбудени фанови, предизвикувајќи ги да ја купат книгата во саботата наутро.
Harry Potter sales event during Sabbath in the Tel Aviv port

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.