Руските пратеници предлагаат забрана за пушење за жени под 40 години

Фотографија на Кевин Ротрок.
Руските пратеници предложија нов закон со кој се забранува на сите жени под 40 години да купуваат тутунски производи. Предлог-законот, чии автори се двајца заменици во Думата од Комунистичката партија, вели дека дозволувањето на жени кои се на возраст каде можат да зачнат и родат да пушат цигари претставува закана по државната безбедност на Русија. „Женското пушење“, пишува во забелешките за појаснување на законот, „го нарушува репродуктивниот систем во телото, на тој начин нанесувајќи непоправлива штета на генетската резерва на државата“.
Поддржувачите на законот, кој е заглавен во парламентарен комитет уште од јуни 2014, резонираат дека ризиците по здравјето на децата од нивните мајки-пушачи (како што се зголемените шанси за мртвороденче, прерано пораѓање, расцепување на непцата, итн.) ги надминуваат граѓанските права за тутунот. Законот би важел за сите жени, не само за трудниците. „Жените пушачи често се неспособни да го носат плодот до крај или дури и воопшто да останат трудни, бидејќи пушењето ја убива способноста на јајце-клетката да биде оплодена“, се вели во законот. Со законот исто така ќе се забрани и продажбата на тутунски производи на жени од сите возрасти доколку во нивна близина се нивните малолетни деца.
Доколку се фатат како нелегално продаваат цигари на жени, индивидуалните продавачи би се соочиле со казна до 5.000 рубљи (80 американски долари), додека бизнисите (маркетите) би можеле да бидат казнети и до 150.000 рубљи (2.400 американски долари).
Спонзорите на законот велат дека забранувањето на жените под 40 години да пушат е неопходно за да се почитува член 38 од рускиот устав, кој ја задолжува државата за заштита на „мајчинството, детството, и семејството“. Законот исто така го цитира член 25 од универзалната Декларација на човекови права, кој дава право на мајчинството и детството на „посебна нега и помош“.
Досега, Русите онлајн воглавно се исмеваа со законот, саркастично прифаќајќи го и опоменувајќи ги неговите автори.
Феминизм нинужон, потому что проект о запрете продажи сигарет женщинам – это совершенно нормально! Наши матки принадлежат государству!
— Плуточка (@pluto_chan) 25ти февруари, 2015
Не ни треба феминизам бидејќи имаме проект да ја забраниме продажбата на цигари на жени под 40. И тоа е сосема во ред! Нашите матки припаѓаат на државата!
В Гос. Думе обсуждают вопрос о запрете продажи сигарет женщинам моложе 40 лет. Вот даже пошутить никак не могу, блять
— маяк (@mayaak_) 10ти јуни, 2014
Думата ја дискутира можноста за забрана на продажбата на цигари на жени под 40 години. Веќе не можам ни да се шегувам за овие срања. По ѓаволите
Почетокот на февруари, Филип Морис објави дека рускиот пазар на цигари изнесувал 9.2 проценти во 2014, во најголем дел благодарение на повисоките даноци и проблематичната економија. Покрај генералниот пад, продавачите пријавија 1.350 процентно покачување во продажбата на papirosy—ефтина, руска цигара без филтер која беше особено популарна во Советскиот сојуз.
Со подготвувањето на Думата за повторно разгледување на законот за забрана за жени пушачи, замениците ќе земат предвид и уште еден закон со кој би се дозволило на малечките населени места да ја укинат забраната за продавање на тутунски производи во близина на 100 метри (330 стапки) од училиштата.
Според поплаките од сопствениците на бизниси во Киров, забраната за продажба на цигари во близина на училиштата неуспешно ја проценува руралната економија, каде сите големи продавници и објекти традиционално се поставени еден до друг. Во Киров, продавниците пријавија од 10 до 30 проценти помал профит, честа причина за неможност за плаќање на киријата, што резултираше со затворање на 15 различни продавници.
Овој напис е дел од RuNet Echo, проект на Global Voices со кој се интерпретира рускиот интернет. Сите написи ·
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е дел од RuNet Echo, проект на Global Voices со кој се интерпретира рускиот интернет. Сите написи ·
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!