- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Коњот е „нормално месо“ во Казакстан

Категории: Централна Азија и Кавказ, Казахстан, Граѓански медиуми, Храна

Додека „скандалот со коњско месо [1]“ продолжува да беснее во Европа, Крис Мериман (иселеник кој живее во Казакстан) пишува [2] на неговиот блог дека коњското месо сепак е совршено нормална храна:

Тука во Казакстан, особено од страна на жителите, коњот се смета за нормално месо кое се јаде, исто како што е пилешкото, телешкото или рибата. Иако коњите кои се одгледуваат за јадење се третирани многу поинаку, и навистина изгледаат поинаку од оние кои се наменети за тркање или степски транспорт, коњот е само уште едно животно кое и служи на одредена цел.