Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Лебдење низ Сингапур

Џејден Тан и Џеф Чеонг „лебдат“ наоколу во Сингапур и дури и ги учат студентите за тајните на лебдечката фотографија. Нивниот проект привлече внимание во Сингапур и многу луѓе веќе ја забележаа креативноста на нивните фотографии.

Ние сериозно ја сфаќаме лебдечката фотографија. Се е направено без никакви кабли, се е пот и страст. Без фотошоп и ретуширање. Само соодветно ја боиме сликата за да создадеме одредено расположение 🙂

levitation marinaЏејден и Џеф ни дадоа дозвола да ги споделиме нивните прекрасни фотографии со читателите на Глобал Војсис. Подолу е интервјуто со нив кое го реализиравме преку имејл.

Што ве инспирираше да го започнете овој проект? Кога го започнавте овој проект? 

Натсуми Хајаши ја прослави фотографијата со лебдење со нејзините слики кои и пркосат на гравитацијата. Оттогаш многу луѓе од Азија и светот се приклучија на лудилото и започнаа да споделуваат кул фотографии од нив како „лебдат“ во текот на нивните дневни активности. Ја започнавме страницата на Фејсбук некаде во јули минатата година.

Кои се реакциите кои ги добивте од локалната заедница?

Имаше неколку групи во Сингапур кои сликаа лебдечки фотографии. Сите сме поврзани со истата страст и беше одлично тоа што локалните весници направија репортажа која излезе на насловната страница за оваа група со посебен интерес!

levitation changiКои се вашите омилени фотографии од проектот?

Ни се допаѓа последниот албум за минатогодишниот Божиќ. Соработувавме со танчери, блогери за храна и некои од нашите пријатели. Тоа беше епско снимање со толку голема група. Темата беше Божиќ во тропски дух и мислиме дека ја има магијата да ја прошири божиќната радост.

Другиот кој ни се допаѓа е албумот снимен на сингапурскиот аеродром Чанги. Имавме среќа да добиеме дозвола да снимаме во транзит зоната. Аеродромот има интересно окружување и многу убава позадина како градина со пеперутки, кинетички дождовни структури и базен на покривот.

levitation treesПланови за оваа година поврзани со проектот Лебдење

Ќе ги продолжиме забавните и креативни нови приказни и ќе се предизвикаме самите да го надминеме претходниот албум.

Неодамна дознавме за можноста да ја споделиме нашата работа со младите студенти. И забавната страна на работите има нешто од животните вештини кои може да ги пренесе.

Лебдечката фотографија бара многу напорна работа за да се долови перфектната слика.

Лекциите за издржливост, упорност и совршенство се преплетуваат и ги споделуваме во ад хок ангажманите. Сесијата завршува со практична лекција каде тие добиваат смисла за работата.

Но кога тие ќе го видат резултатот, гордоста и одушевеноста стапуваат на сцена и им даваат на овие деца смисла за постигнување да се видат себеси како го прават невозможното.

levitation street

levitation 2013

levitation skyfall

levitation sota

levitation butterfly

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.