365: Видео за секој ден од 2010

Фотографија од Марио Карвајал CC-BY

Фотографија од Марио Карвајал CC-BY

Една група од видео блогери од Колумбија одлучија 2010 година да ја направат година на видео блогирање и поставија цел да прават видео за секој ден од 2010 година. Денеска ние ви нудиме селекција од видеа од градот Картагена, Колумбија: најпривлечна дестинација за патување според сајтот на Светско наследство на УНЕСКО и туристичкиот водич Фромер.

Ерика Пао и Лусиа Сантиага се две девојчиња кои живеат во Картагена и сакаат да ја прикажат Картагена од перспектива на оние кои живеат таму, сакајќи да ги претстават секојдневните и вообичаени настани.

contar a través del video toda esa cotidianidad e historias anónimas que nos rodean; toda esa riqueza cultural y social en las que estamos inmersos pero que muchos desconocen de nuestra ciudad

Кажете ги преку видео сите секојдневни настани и анонимни приказни кои не опкружуваат; целото културно и општествено богатство во кои сме потопени, кои многумина ги игнорираат во нашиот град.

Дел од успешната колумбиската национална кампања за зголемување на туризмот е поврзана со нивниот слоган: Колумбија е страст. Но напорите не се гледаат само надвор од земјата, во внатрешноста исто така се работи на зајакнување на националната гордост. Таков е случајот со нивниот промотивен настан во Картагена: на еден од плоштадите на ѕидниот град, тие поставија скулптури и слики кои се рефлектираат на кампањата. Песната која го придружува видеото е продукт на здружени напори помеѓу колумбиски артисти за кампањата и е наречена „Колумбија е страст“:

Втори јануари е ден на поворката на Богородица од Канделарија, каде што католиците се искачуваат до манастирот на врвот на ридот Попа и потоа ја симнуваат Богородица на нивните рамена до манастирот на дното од ридот.

Во Картагена, во близина на Кариџ Плаза има премин кој порано претставувал место каде што се продавале робовите. На крајот од 19 век, почнаа да се продаваат многу вкусни продукти: слатки. Порталот за слатки продава многу од традиционалните слатки во регионот: Тамаринд, кокос и пијалак од шеќерна трска.

Постојат и други вообичаени сцени, во следното видео, боси деца играат фудбал во правливите улици, под попладневното сонцето во “Чип рајс” соседството.

Следните видеа прикажуваат мал дел од храната во Картагена. Прво, мистериозен пијалак направен од ориз, млеко и зачини, морско оревче, засладено кондензирано млеко, чоколаден чипс и мраз, тоа е опишано од продавачот на неговиот знак како: извонреден, хранлив и освежувачки.

Друго важно традиционално јадење во Картагена е “patacón pisao”, згмечени и пржени растенија, кое се јаде при секој оброк. Лусиа Сантиага не води чекор по чекор низ процесот на лупење, сечење, пржење, гмечење и печење на состојките.

Последно видео не води надвор од ѕидовите на градот, на улиците каде што локалните луѓе живеат, пазарат и се движат наоколу.

Ако сакате да видите повеќе од Картагена низ очите на овие две жени, можете да ја посетите и да се претплатите на веб страницата Картагена 365 или да ги следите @luisasantiaga и @erikapao на Твитер каде што тие ги прикачуваат нивните најнови видеа.

Во наредните постови, ќе ви прикажеме видеа од други колумбиски блогери кои учествуваат во 365 проектот. Дали знаете за некои видео блогери за кои мислите дека треба да пишуваме на Global Voices? Ве молиме пишете ни и споделете со нас!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.