На 19ти јануари 2010та година, пекиншката Асоцијација за онлајн медиуми [кинески] воспостави група наречена Мајка порота (Mama Jury) чија цел е цензура на непристојни и порнографски информации објавени онлајн. Според извештајот на Источниот викенд (Southern Weekend) [кинески], идејата за организирањето на мајките за „заштита“ на децата од порнографија потекнува од западните земји. Меѓутоа, кинеската група мајки е предводена од организација поврзана со комунистичката партија на Кина, за разлика од западната, чие водство се состои од независна, граѓанска група.
Јанг Хенг Јун се сомнева [кинески] во легитимитетот на „кооперативниот систем – Владата во релација со мајките“:
第一,谁授权给你们来“评审”互联网内容的?第二,你认为自己未成年孩子不能看的内容就应该删除?网站就应该关闭?难道全中国人民都不能看?哪怕那内容是《宪法》保障我们看、《刑法》不禁止我们看的内容?
让我们进一步发挥所谓“孩子利益优先”的原则,既然你们用这个原则来治理整顿虚拟的互联网,那么我有理由质问你们:为什么不用这种方式对付更多孩子们生活其中的真实社会
你 可以限制自己的孩子上互联网,但你不能以“儿童利益优先”的名义把互联网变成一个只适合你孩子的学习园地和迪斯尼乐园,那是违反《宪法》也违反人性的。……当我们把互联网和社会 变成只适合儿童的时候,儿童不但不会成长,而且,我们成人也会变成“儿童”……
Хи Јонг детално го изнесува [кинески] Јанговиот аргумент:
政府的这一举措明显是要“花季护航”全国人民,把自己摆在为人家长的位置上… “深入整治低俗”是一场无情的运动,不知有多少网站在去冬今春的寒风中哀号,然而,妈妈们在运动中的出现不仅为之涂上了一层温情色彩,似乎也赋予其更多的正当性。这是因为,妈妈们竖起的大旗是“保护未成年人”,占据了社会道德的制高点。
За голем број загрижени граѓани, „интересот на децата е на прво место“ е само дволичен, политички слоган за цензура на интернетот. Кога е затекната со реални проблеми, како скандалот со млекото загадено со меламин, Владата не е на страната на родителите и децата. Ченг Пинг укажува на случајот со Зао Лианхаи кој иако го истражуваше и се бореше против случајот со загаденото млеко, сепак е во притвор од ноември, 2009та година. Ченг Пинг ја презира [кинески] групата на мајките за цензура на интернет, која иако тврди дека се бори за детскиот интерес, групно не застана на страната на Зао. Уште поироничен е случајот со поранешниот директор на AQSIQ, Ли Чангчун, кој даде оставка по скандалот со загадено млеко, а од неодамна е поставен за заменик директор на активистичката група против порнографија и нелегални информации.
Лаотузази се огласува на коментарите на Ченг Пинг и дава предлог до Владата, која треба да се отвори на контрола од страна на „мајките“ [кинески]:
何不将“妈妈评审团”改为“妈妈官员监督团”派下去,派到卫生部、质检总局、工商总局,让她们去像监管网民那样监管部长局长处长那些当官的,准管用。别不放心,老秦不跟你们争权夺利,“妈妈官员监督团”可由全国妇联代行管理。
“妈妈官员监督团”完全可以请些下岗女工、家庭妇女,还能解决不少就业问题。“妈妈官员监督团”比起成立国务院食品安全委员会要更省钱,更实用,更解决问题。一物降一物,官员怕民妇。
Можете да ги вклучите невработените, работоспособни жени и домаќинките во групата Мајка за контрола на Владата. На овој начин, може да се решат повеќе проблеми врзани со невработеноста. Ова е поекономичен и попрактичен начин од ангажманот на Државниот сектор за прехранбен инспекциски надзор. Секое живо суштество има свој природен непријател. Кинеската Влада е природно застрашена од обичната жена.