Еве што може да направите со 1 долар во Киев

Image from You have one dollar, what's next? on Facebook.

Фотографија од Имаш 1 долар, што сега? на Фејсбук.

Економската криза во Украина силно влијаеше и на локалната валута, украинската „hryvnya“ (гривна). Последниот голем пад на валутата ја симна до 33 во однос на американскиот долар (во декември 2014 соодносот беше 16 UAH за 1 американски долар). Но, украинските претприемачи корисници на социјални мрежи се обидоа да погледнат на посветлата страна—преку кампања за добивање идеи од граѓаните за тоа што може да купите во Киев, главниот град на Украина, со само 1 долар.

Алена Денга ги анкетираше нејзините пријатели, но и самата истражуваше, што резултираше со напис на блог во кој беа излистани најразлични идеи како да го потрошите вашиот долар. Помеѓу другите работи, во Киев можете да купите:

  • 7 возења со метро
  • „Happy Meal“ (оброк од Мек Доналдс)
  • Убав десерт во кафуле
  • Чаша вино или кригла пиво
  • Кафе (едно во популарно кафуле или две на уличниот агол)

Капучино и американо од уличен продавач ќе ве чинат 22.5 UAH—помалку од 1 долар! Фотографија на Medium.

Доколку сакате културни манифестации, со еден долар можете да купите влез во матине во кино салите или патување до некој од многубројните музеи во Киев. Други можности за трошење на вашите 33 гривни вклучуваат кутија со зашеќерно овошје, разгледници до вашите пријатели (да, преку класична бавна пошта!), дури и билет за патување со воз од Киев до Винитца.

Еден Фејсбук корисник дури успеа да купи билет за опера за само 20 UAH ($0.71).

Screen Shot 2015-02-24 at 7.47.42 PM

Националната опера на Украина, Кармен, 27 февруари, 2015, 19:00 часот—20 UAH. Доволно кусур и за сендвич.

Откако написот на Алена се здоби со преку 3500 прегледи во една ноќ, таа направи Фејсбук заедница за продолжување со кампањата за собирање идеи, каде корисниците продолжуваат да споделуваат идеи за трошење на 1 долар (или 33 hryvnyas) и во други градови во Украина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.