Трагедија во Чапел Хил: „Приказната ќе беше поинаква ако убиецот беше муслиман“

A tribute to Deah Barakat and Yusor and Razan Abu-Salha, by @_mz_cool

Изразување почит кон Деа, Јусор и Разан Абу-Салха, од @_mz_cool

„Ние сме едно, една култура“ – изјави 21-годишниот студент Јусор Абу-Салха на интервју снимено како дел од проектот на StoryCorps за тоа како изгледа поминувањето на детството во САД.

Неделава, Абу-Салха, нејзината сестра Разан (19 години) и нејзиниот сопруг Деа Бакарат (23 години), беа брутално убиени во нивниот дом во Чапел Хил, Северна Каролина. Полицијата го уапси нивниот сосед, Крег Стефан Хикс и го обвини за убиство од прв степен. Иако, според изјавите на двајца пријатели на младата Абу-Салха, Хикс е нервозен човек кој намерно им правел проблеми, жената на Хикс го претставува нејзиниот маж како толерантен човек и тврди дека тројното убиство било предизвикано од „кавга при паркирање“.

Имаше поплава од реакции како одговор на убиството кое многумина го гледаат како криминал поттикнат од омраза. Д-р Mохамад Абу-Салха, татко на Јусор и Разам, го замоли американскиот претседател Барак Обама убиството да биде истражено како криминал од омраза; извештаи од ФБИ велат дека навистина е започната истрага.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го критикуваше молкот на претседателот Обама во врска со убиствата, велејки: „Ако молчиш кога се соочуваш со инцидент како овој и ако не дадеш изјава, светот исто така ќе остане тивок спрема тебе“. Неговиот став беше прифатен од многумина, вклучувајќи и политичари од Средниот Исток, како што укажа Хуан Кол.

На социјалните медиуми, луѓето го критикуваа одговорот на медиумите, сметајќи дека приказната се појавила во јавноста подоцна во однос на другите вакви убиства и дека минатото на потенцијалниот убиец не било воопшто дискутирано, за разлика од случаите кога злочинот го сторил Арап или Муслиман.

Палестинскиот новинар Али Абунима сподели на Твитер:

Да ве потсетам, Обама веднаш одговори на пукањето во еврејскиот центар во Канзар, за разлика од случајот во Чапел Хил.

http://t.co/yCGkvJKDkp

— Ali Abunimah (@AliAbunimah) 12 февруари, 2015

Со низа од твитови, мароканско-американската писателка Лејла Лалами го претстави ставот на многу луѓе:

Можеби не ги знаеме деталите за белиот убиец и муслиманот жртва, но ќе ги знаевме ако улогите им беа сменети.

— Laila Lalami (@LailaLalami) 11 февруари, 2015

Апсурдниот аргумент дека инцидентот е предизвикан од кавга за место за паркирање се користи како доказ дека мотивиот за овие убиства не е фанатизам.

— Laila Lalami (@LailaLalami) 11 февруари, 2015

Но, ако муслиман убие тројца поради место за паркирање, кавгата за место за паркирање ќе биде искористена како доказ за неговото варварство. 

— Laila Lalami (@LailaLalami) 11 февруари, 2015

Палестинско-американската новинарка Сара Јасун укажа на некои апсурдни тврдења на медиумите со овој твит:

Ако се уште не сте го истражиле, како знаете дека убиството не е криминал од омраза?

— Sara Yasin (@missyasin) 11 февруари, 2015

Мохамед Ал Шухаил од Саудиска Арабија, забележа:

Сите следбеници на Исламот стануваат терористи кога виновникот е муслиман, но кога станува збор за пукањето во Чапел Хил, тоа е само обичен криминал и ништо повеќе.

Овој твит од Муткер Бен Самхан, учител од Ал Касем, Саудиска Арабија, беше споделен 95 пати:

Да беше убиецот муслиман, западните медиуми ќе започнеа војна против Исламот и муслиманите, но бидејќи убиецот е еден од нив, тоа е само инцидент.

Сауд Бас од Саудиска Арабија им вели на своите 8000 следбеници на Твитер:

Според медиумите, убиецот од Чапел Хил не е терорист туку само убиец. Тероризмот е само за муслимани.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.