- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Боко Харам убија најмалку 81 цивили во Фотокол, Северен Камерун

Категории: Супсахарска Африка, Камерун, Нигерија, Чад, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Катастрофи, Меѓународни односи, Политика
Northern Cameroon border, where Boko Haram operates [1]

Северната граница на Камерун, од каде оперираат Боко Харам

На 4 февруари, Боко Харам спроведе особено стравотен напад [2] на градот Фотокол во северен Камерун [3], веднаш до нигериската граница. За стотици цивили се стравува дека се убиени, а досега се потврдени 81 од Министерството за одбрана [4]. Локалните организации за човекови права веруваат дека се убиени околу 370 цивили [5]. Локалните сведоштва велат за присуство на мноштво тела низ улиците со пресечени грла. Градот Фотокол од неодамна е подложен на битки помеѓу Боко Харам и вооружените сили на Камерун и Чад: март 2014 [6], август 2014 [7] и октомври 2014 [8]. Камерунскиот блогер Ноел Лафортун пишува дека нападите сигнализираат дека Боко Харам можеби губи територија во регионот [9]:

Au front, la peur est en train de changer de camp. L'entrée en scène de l'armée tchadienne en appui aux armées camerounaise et nigériane semble être décisive, eu égard à la panique qui s'est emparée de Boko Haram.  La puissance de feu des forces coalisées a mis en déroute Shekau et sa bande. 

На фронтот, сомнежот можеби ги промени страните. Појавувањето на армијата на Чад како поддршка на камерунската и нигеријската војска се чини одлучувачко, земајќи ги предвид паничните потези на Боко Харам. Огнена моќ на здружените сили го вознемири Шекау (лидерот на Боко Харам) и неговата банда.