Боко Харам убија најмалку 81 цивили во Фотокол, Северен Камерун

Lova Rakotomalala
Гоце Арсовски

англиски

Северната граница на Камерун, од каде оперираат Боко Харам

На 4 февруари, Боко Харам спроведе особено стравотен напад на градот Фотокол во северен Камерун, веднаш до нигериската граница. За стотици цивили се стравува дека се убиени, а досега се потврдени 81 од Министерството за одбрана. Локалните организации за човекови права веруваат дека се убиени околу 370 цивили. Локалните сведоштва велат за присуство на мноштво тела низ улиците со пресечени грла. Градот Фотокол од неодамна е подложен на битки помеѓу Боко Харам и вооружените сили на Камерун и Чад: март 2014, август 2014 и октомври 2014. Камерунскиот блогер Ноел Лафортун пишува дека нападите сигнализираат дека Боко Харам можеби губи територија во регионот:

На фронтот, сомнежот можеби ги промени страните. Појавувањето на армијата на Чад како поддршка на камерунската и нигеријската војска се чини одлучувачко, земајќи ги предвид паничните потези на Боко Харам. Огнена моќ на здружените сили го вознемири Шекау (лидерот на Боко Харам) и неговата банда.