М-Банкарство: Банкарство какво што немало досега

Милиони и милиони од луѓе со ниски примања и без сметка во банка ќе имаат можност за корист (и можеби напредок?) од развојот на мобилните финансиски сервиси во наредните години. Многу луѓе веќе вршат исплати преку мобилните телефони и дури чуваат пари во нив како виртуелна банка. Бројот на луѓе во Африка, Латинска Америка и Азија, без сметка во банка, но со мобилен телефон, се предвидува дека ќе порасне до 1.7 милијарди до 2012 година, според неодамнешно истражување на Консултантска група за помош на сиромашните (КГПС) и Асоцијацијата ГСМ.

Постојат неколку успешни примери на пазарот во Африка и Азија и многу други обиди за проширување, реплицирање и започнување на слични сервиси, но силниот отпор од банкарите и регулаторите го забавува развојот. Во Индија, на пример, Централната банка на Индија се противи на дозволувањето на финансиски сервиси базирани на мобилни телефони (кои не се спроведуваат преку банка), велејќи дека ќе биде тешко да се контролира креирањето на кредити надвор од банкарниот систем. Индиското министерство за внатрешни работи исто така изрази загриженост за можни злоупотреби и сигурносни импликации.

Постојат сомнежи дека таквиот отпор може да го забавува развојот на м-банкарството уште долго време, но во меѓувреме има неколку технолошки, логистички и сигурносни предизвици кои мора да се надминат за да се направат овие алтернативни финансиски сервиси поинклузивни за небанкарскиот сектор. Освен тоа, друго истражување на КГПС од февруари на две од најбрзо растечките мобилни банкарски мрежи, кои им служат на сиромашните луѓе – M-PESA во Кенија и GCash во Филипините – открива дека и покрај нивниот голем пораст, провајдерот продолжува да се соочува со потешкотии при остварување профит, како и во плаќањето на надоместоци на продавниците и агентите кои имаат провизија од трансакциите.

M-PESA во Кенија

Една од најспомнуваните успешни приказни за м-банкарството за оние без сметка во банка е проектот на Сафариком, M-PESA во Кенија.

Откако M-PESA започна во 2007, сервисот влијаеше на животите на многу Африканци, од кои значителен број до тогаш не го користеа традиционалниот банкарски систем. До март 2009 M-PESA веќе имаше 6.8 милиони регистрирани корисници во Кенија и тој број расте секој ден.

Во видеото подолу, Јон, такси возач од Нароби и клиент на M-PESA зборува со Паул Лишман и Сима Десаи за неговото користење на сервисот и за импактот врз неговиот живот.

Првите корисници на M-PESA по се изгледа биле емигрантските работници кои имаат потреба од економичен, а сепак веродостоен начин за праќање пари дома. Меѓутоа, користа од овој сервис наскоро привлече други, кои се на друг начин запоставени од традиционалниот банкарски систем. Овој иновативен финансиски сервис беше соодветен, лесно достапен и поекономичен канал од „далечниот“, традиционален банкарски систем, кој не успеа да ги вклучи во нивниот опсег.

Истражување на други можности за луѓето без сметка во банка

Користејќи ги Филипинците како пример, истражувањето на CGAP-GSMA за одредување на големината на пазарот за мобилни пари нуди дополнителен увид во различните потреби на луѓето без сметка во банка. Во него се вели:

Луѓето кои користат мобилни пари не се сите исти. Една третина од овие луѓе не вршат воопшто исплати, делувајќи спротивно на процентот на распространетост на овој сервис. Доста голема група на корисници ги користат мобилните пари многу често, повеќе од 4 пати месечно, со половина од нивните трансакции на нешто друго од примање/испраќање пари – на пример купување во продавници. Изненадувачки, 12 проценти од корисниците на мобилни пари со ниски примања немаат свој телефон. Овие претставуваат под-сегменти од популацијата кои вреди да се истражуваат во детали.

Операторите треба да ги истражат сервисите кои ги надминуваат паричните пратки и плаќање со кредит од мобилен телефон. Штедењето има значителна иднина, бидејќи е многу баран сервис. При поставување на прашањето за кои дополнителни сервиси би сакале да ги пробаат, корисниците на мобилни пари, со мали примања, ентузијастички одговорија: „штедење“ (65%). Еден од десет корисници на мобилни пари, веќе зачувува во просек по 31 долар во нивниот мобилен паричник или околу една четвртина од заштедата на домаќинството.

Во нивното октомвриско издание во 2009, „Сценарија за банкарство без ограноци во 2020“, Марк Пикенс, Давид Портеус и Сара Ротман ги укажуваат силите кои ќе ја обликуваат иднината на банкарството без ограноци, меѓу кои промени во демографијата, безбедносните прашања, способностите за интернет прелистување и глобалната финансиска криза. Според нивниот извештај, креирањето на електронската инфраструктура за наплата при малопродажба е важна цел, но не е доволно само тоа за да се намали сиромаштијата.

Катрин Верклас, ко-основачот и уредник на MobileActive.org. – граѓански медиум кој се занимава со развојот на ова поле – мисли дека сè уште има време додека да се префрлат парите на мобилните телефони преку м-банкарството, од што би имале корист најсиромашните. Во пост од 2008, таа вели:

Финансиските трансакции преку мобилен телефон сега допираат до најсиромашните во две области: 1. Микро-финансии, каде мобилните финансиски сервиси се користат како начин за инстантно префрлување на заеми и отплати преку мобилен телефон. 2. Парична помош (исплати преку мобилен) од земји и хуманитарни организации кои овозможуваат помош при глад или за пост-конфликтни области.

Навистина има иднина во префрлањето пари на мобилните телефони за многу земји во развој и земји со средни примања, но зголемувањето на користа за најсиромашните сè уште е нејасна. Неодамнешни истражувања, особено оние од InfoDev на Светката банка и Британската агенција за развој DFID, покажуваат дека постојат малу докази дека сервисите за м-банкарство, какви што се денес, се „трансформативни“…

Во однос на идни успеси на „м-банкарството за оние беа сметка во банка“, мислењата на Катрин се следниве:

Накратко, прашањата за прифаќањето на потрошувачите и недефинираните и комплексни регулации го спречуваат овој пазар и потенцијалната трнсформативна идеја на м-банкарството, барајќи внимателен пристап на двата фронта и креирање на околина каде мобилното банкарство може да успее.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.