
Илустрација од анонимната уметничка група Pixel Offensive ја прикажува секретарката за социјална заштита Динки Солиман облечена во жолтата боја на владеачката Либерална партија како ги варосува ѕидовите за да ги скрие уличните деца од Папата.
По повеќекратното негирање на гласините за преместувањето на бездомници од улиците на Манила поради посетата на Папата Францис, филипинскиот секретар за социјална заштита призна дека владата им обезбедила престој на повеќе од 100 сиромашни семејства.
Расплаканата секретарка на Одделот за социјална заштита и развој (DSWD), Динки Солиман, на состанок со Сенатот изјави дека нејзината агенција ги преместила во одморалиште во Батангас за да го расчисти булеварот Роксас, кој беше дел од траекторијата на поворката на Папата во Манила.
Одморалиштето Chateau Royale во Насугбу, Батангас се наоѓа 90 километри јужно од претежно католичкиот главен град. Агенцијата потрошила 97.600 долари за шест-дневниот „семеен камп“, кој наводно бил дел од борбата на владата предводена од Акино против сиромаштијата. Според агенцијата, целта на проектот била учесниците да се здобијат со вештини кои ќе им помогнат да најдат работа во иднина.
Треба да се истакне дека Папата Францис, кој е популарен за неговата подршка за сиромашните, ја посети државата за да може лично да ги види реалните услови во кои живеат домородните и сиромашни Филипинци, особено по тајфунот Хаијан. Корисници на интернетот од Филипините ја исмејуваа секретарката на DSWD и администрацијата на претседателката Нојној Акино:
dear dinky soliman, kung ang itinago mo ke @Pontifex ay ang mukha mo at d ang mga homeless, mas marami sana ang natuwa sayo. 🙂 @dswdserves
— cecille (@cecille_hbl) January 25, 2015
Драга Динки Солиман, да си го скриеше своето лице од @Pontifex, а не лицето на бездомниците, многу повеќе ќе те сакавме.
Криењето на сиромашните од Папата Францис е чисто против сирмашните секретарката Динки Солиман #hypocrisy
— Robert Protacio (@sybillsantino) 23 јануари, 2015
Криењето на сиромашните од Папата Францис е чисто против сирмашните секретарката Динки Солиман #hypocrisy
— Robert Protacio (@sybillsantino) 23 јануари, 2015
Nagmano ka pa naman kay Pope Francis Dinky Soliman! Mga walanghiya kayo!
— Alyssa Po (@alyyyssapo) January 23, 2015
А ти беше благословена од Папата Францис, Динки Солиман! Како не ти е срам!
Гледајте како Динки Солиман смета дека сиромашните луѓе се закана за безбедноста на Папата. Глупавава секретарка треба веднаш да даде отказ!
— Jude M. Mangilog (@judemangilog) 24 јануари, 2015
Гледајте како Динки Солиман смета дека сиромашните луѓе се закана за безбедноста на Папата. Глупавава секретарка треба веднаш да даде отказ!
— Jude M. Mangilog (@judemangilog) 24 јануари, 2015
Дали Динки Солиман навистина мисли дека Папата не знае за фијаското со децата од улиците? Во оваа Ера на информациите никој не може да скрие ништо.
— eugenio isidro (@eugenio_isidro) 24 јануари, 2015
Дали Динки Солиман навистина мисли дека Папата не знае за фијаското со децата од улиците? Во оваа Ера на информациите никој не може да скрие ништо.
— eugenio isidro (@eugenio_isidro) 24 јануари, 2015
Sec Dinky Soliman bakit mo naman tinago mga street children eh yan nga hhinahanap ni Pope? Nakakahiya na naman tayo intrrnational community
— Resty Mendoza (@restymendoza) January 23, 2015
Секретарке Динки Солиман зошто ги скри улучните деца кога тие беа токму тоа што го бараше Папата? Каков срам сме ние за интернациналната заедница.

Уште една слика на Pixel Offensive споделена на Фејсбук.
Секретарката Солиман претходно ги негираше обвиненијата дека одделот ги собрал и скрил сиромашните за време на посетата на Папата. Таа инсистираше дека активностите на нејзината агенција случајно се совпаднале со посетата на Папата.
По признанието на Солиман, филипински законодавци започнаа истрага на инцидентот.
Сиромашните семејства беа вратени во Манила по заминувањето на Папата.