Стоп за музиката: Spotify го откажаа лансирањето во Русија

Images mixed by Tetyana Lokot.

Фотографија на Тетјана Локот.

Spotify (Спотифај), еден од најголемите сервиси во светот за стримување музика онлајн, го откажа своето лансирање во Русија, повикувајќи се на економските потешкотии и новите драконски легислативи на интернетот.

Овој шведски сервис за стримување музика, кој моментално има над 60 милиони корисници, првично беше планиран за лансирање во Русија во октомври 2014, но лансирањето се одложи за почетокот на 2015 откако не успеа да постигне договор со локалните мобилни оператори.

Spotify се откажа од Русија „[во] догледна иднина“, според извештај на РБЦ кој го цитира Александар Кубанеишвили, поранешниот извршен директор во Гугл кој беше најмен да раководи со канцеларијата на Spotify во Русија. Во писмо до соработниците, тој рече дека причините за промената на курсот на Spotify се „економската криза, политичката ситуација, и новите закони за регулирање на интернетот“. Самиот Кубанеишвили ќе ја напушти компанијата, изјави тој.

Иако поголемиот број на медиуми кои ја покриваат приказната укажуваат на влошените економски услови во Русија, Spotify, како и другите интернет компании, има многу што да се плаши од новиот закон за локализација на податоците, кој бара од интернет бизнисите да ги чуваат личните податоци на руските корисници во границите на државата. Бидејќи е сервис базиран на „cloud“ технологија, Spotify едноставно не може да работи на начин на кој очекуваат руските власти, односно податоците на „Русите да се чуваат во Русија и податоците на Швеѓаните да се чуваат во Шведска“, извор од компанијата објаснува за РБЦ. 

Spotify е последниот од серијата меѓународни компании кои ги намалија своите планови за Русија во услови на растечката економска криза и политичкиот ќор-сокак со Западот. Во декември 2014 од Гугл изјавија дека ќе ги затворат нивните седишта за инжењери во Русија како одговор на закон за чување на податоци, и во јануари 2015 Интел ги затворија нивните форуми за девелопери на руски јазик, заштитувајќи се себеси од неусогласеност со рускиот контроверзен закон за блогери.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.