- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Западна Папуа Нова Гвинеја: Другата страна на борбата за независност преку видео

Категории: Индонезија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Жени и род, Меѓународни односи

Видео писмото [1] од една жена од Западна Папуа Нова Гвинеја пратено до еден индонезиски војник ја кажува приказната што ја делат многу жени од овој регион. Во овој случај, таа бара од војникот, кој некогаш бил базиран во нејзиното село, да ѝ пише и да се врати да ја запознае ќерка си.

Ова видео [1] е дел од напорите кои Енгејџ медија (Engage Media) ги вложува за да ги покрие настаните од регионот, заедно со останатите партнери во проектот.

Проектот Гласовите од Папуа Нова Гвинеја ги надминува политичките, географските и финасиските бариери – како и недостигот од технологија – со цел на светот да му ги раскаже важните гвинејски приказни. Со тоа, проектот ги обелоденува неправдите кои постојано се случуваат зад затворени врати во оваа нескротлива област богата со природни ресурси.

„Љубовно писмо до војник“ е преведено на повеќе јазици [2], меѓу кои и англиски, тагалошки, малајски, индонезиски, тајландски и тетумски.