Западна Папуа Нова Гвинеја: Другата страна на борбата за независност преку видео

Видео писмото од една жена од Западна Папуа Нова Гвинеја пратено до еден индонезиски војник ја кажува приказната што ја делат многу жени од овој регион. Во овој случај, таа бара од војникот, кој некогаш бил базиран во нејзиното село, да ѝ пише и да се врати да ја запознае ќерка си.

Ова видео е дел од напорите кои Енгејџ медија (Engage Media) ги вложува за да ги покрие настаните од регионот, заедно со останатите партнери во проектот.

Проектот Гласовите од Папуа Нова Гвинеја ги надминува политичките, географските и финасиските бариери – како и недостигот од технологија – со цел на светот да му ги раскаже важните гвинејски приказни. Со тоа, проектот ги обелоденува неправдите кои постојано се случуваат зад затворени врати во оваа нескротлива област богата со природни ресурси.

„Љубовно писмо до војник“ е преведено на повеќе јазици, меѓу кои и англиски, тагалошки, малајски, индонезиски, тајландски и тетумски.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.