Активисти и поборници за независноста на Западна Папуа бараат правда за убивањето на младите цивили од страна на индонезиската полиција претходниот месец.
На 8 декември, 2014, во областа Паниаи, индонезиски безбедносни сили наводно отвориле оган на околу 800 мирни демонстранти, вклучувајки жени и деца. Протестот беше реакција на веста дека полицијата претепала неколку деца од Папуа претходната вечер. Петмина беа убиени и уште 17 беа повредени, според извештај [2] Human Rights Watch, кој вели дека прекршувањето на човековите права не е невообичаена појава таму:
Пукањето на 8 декември е одличен пример за честите прекршувања на човековите права кои безбедносните сили ги извршуваат во Папуа, екстремниот исток на индонезискиот архипелаг. Во текот на последните 15 години, Human Rights Watch документираше стотици случаи во кои полицијата, војската, разузнавачите или затворските чувари употребиле непотребна или прекумерна сила на Папуанците за време на протести. Иако на повеќето од воените лица вмешани во немилите настани им беше судено, тужбите беа одбиени и војниците си ја задржаа својата работа.
Анексијата на Западна Папуа, древна меланезиска земја богата со минерали, од страна на индонезискиот воен режим во 1960 предизвика иселување, тешкотии и смрт кај домородното население. И покрај очигледните прекршувања на човековите права [3] и институционализираното потиснување на локалната култура, колонизаторите не можеа да ја уништат папуанската решителност и желба за независност.
Бени Венда [4], протеран лидер на западно папуанската борба за независност кој сега живее во Велика Британија, го осуди убивањето на цивили:
„Обвинети сме за насилство кое не го создадовме и прогонувани сме за изразување на нашата желба за слобода.“… http://t.co/NmDn4AaUXp [5]
— Benny Wenda (@BennyWenda) 9 јануари, 2015 [6]
„Обвинети сме за насилство кое не го создадовме и прогонувани сме за изразување на нашата желба за слобода.“… http://t.co/NmDn4AaUXp [5]
— Benny Wenda (@BennyWenda) 9 јануари, 2015 [6]
На неговата веб-страница [7], Венда ги обвини индонезиските вооружени сили за извршување бруталности во Тимика, Западна Папуа:
Згрозен сум од фактот дека такво полициско варварство кон еден невин и беспомошен народ може да помине незабележано и покрај тоа што се случува до најголемиот рудник за злато во светот- индонезискиот најголем даночен обврзник.
На Твитер, неколкумина ги коментираа страдањата на жителите на Западна Папуа:
Ако некогаш сте изгубиле некој сакан помислете си на луѓето од Западна Папуа кои секојдневно се соочуваат со убиства, силувања и мачење од страна на нехуманата TNI.
— Anthony Craig (@justicehealth) 3 февруари, 2015 [8]

Значи никој нема да зборува за Западна Папуа? #Genocide [9] — Amen Oyiboke (@Amen2dat) 2 февруари, 2015 [10]
Значи никој нема да зборува за Западна Папуа? #Genocide [9] — Amen Oyiboke (@Amen2dat) 2 февруари, 2015 [10]
#WestPapua [11] не е војна, ниту конфликт, туку #OCCUPATION [12], и заслужува подршка од целиот свет.
— non quis sed quid (@PurePapua) 2 февруари, 2015 [13]
#WestPapua [11] не е војна, ниту конфликт, туку #OCCUPATION [12], и заслужува подршка од целиот свет.
— non quis sed quid (@PurePapua) 2 февруари, 2015 [13]
Ситуацијата во #WestPapua [11] не се подобри во 2014 – продолжи злоупотребата на човековите права. Бизнисот си тече како и секогаш на чело со Јокови http://t.co/JO9D0L3u96 [14]
— Jen Robinson (@suigenerisjen) 19 јануари, 2015 [15]

Индонезиската влада вети дека ќе ги истражи [16] убиствата. Истрагата за човековите права ќе објави извештај [17] поврзан со инцидентот.