Пожар беснееше 27 часа во една од најголемите московски библиотеки изминатиов викенд, уништувајќи повеќе од милион книги. Пожарот започна во петокот вечерта, 30 јануари, и не беше целосно изгаснат речиси до полноќ наредниот ден. Местото на пожарот беше во Руската академија на науките – Институт за научни информации за социјалните науки, попознат со акронимот „ИНИОН“.
Според радио станицата Ехо од Москва, изгубен е голем дел од вкупната колекција на ИНИОН, вклучувајќи и ретки словенски текстови кои датираат од 16 век.
На Твитер, некои се шегуваа дека масовно „палење книги“ се поклопува со руската политичка клима, која критичарите понекогаш ја споредуваат со тоталитарните држави од 20 век:
СИМВОЛИЧНО для самой “читающей” страны в мире \Горит библиотека Академии наук России pic.twitter.com/ZbcxDeCrLv
— Саша_Северный (@Aleks_SPb) 31ви јануари, 2015
Ова е СИМБОЛИЧНО за држава која вели дека „чита“ повеќе од било која друга во светот. Библиотеката на Руската академија на науките е запалена.
В Москве горит библиотека, чтобы не жечь книги в открытую, кремлевские фашисты решили имитировать пожар.
— Серый Кардинал (@slevo4kin) 30ти јануари, 2015
Гори библиотека во Москва. Фашистите од Кремлин одлучиле да запалат оган, за да не мораат да ги горат книгите на отворено.
Друга честа шега вклучува алузии кон војната во источна Украина, каде про-руските сепаратисти се под големи сомневања дека ја искористувале воената помош испратена од Москва:
По предварительным данным, библиотека ИНИОН в Москве сгорела после обстрела артиллерией ВСУ pic.twitter.com/dV1qRlKM1v
— Тролль-каратель (@trollgnet) 31ви јануари, 2015
Според прелиминарните податоци, московската библиотека почнала да гори по артилериски напад од Украина.
Други на Твитер се шегуваат дека уништувањето на толку многу материјал за читање – за кој многумина сметаат дека го претставува против-отровот на прекумерното гледање телевизија и „перењето мозок“ од истата – можеби ќе принуди уште повеќе луѓе да гледаат телевизија:
В Москве горит библиотека Российской академии наук. 13,5 млн книг. Ну значит ещё больше телевизор будут смотреть pic.twitter.com/KBGa9IPG95
— РБ головного мозга (@belamova) 30ти јанури, 2015
Библиотеката на Руската академија на науките гори во Москва. 13.5 милиони книги. Па, претпоставувам уште повеќе луѓе ќе гледаат телевизија сега.
Итните служби беа исто така активни онлајн, споделувајќи фотографии од местото на несреќата, дури и додека пожарникарите се обидуваа да го скротат пожарот:
Внутри здания библиотеки ИНИОН сегодня. Фото сотрудника МЧС. pic.twitter.com/xjrcTYMxrA
— Открытая Россия (@openrussia_org) 31ви јануари, 2015
Внатре во ИНИОН библиотеката денеска. Фотографирано од итните служби.
За оние кои чувствуваат носталгија по деновите на комунизмот, потенцијалното губење на историските архиви беше болна тема за размислување:
Интересная #версия пожара в библиотеке #Москва.#библиотека #пожар #без_дна pic.twitter.com/R6riusSm9x
— tat_lis (@tat_lis) 31ви јануари, 2015
Еве еден интересен поглед на пожарот во библиотеката. #Moscow #library #fire #NoEndInSight:
- Јас самиот сум ја користел библиотеката. Баш вчера бев загрижен за безбедноста на архивите на плановите на Советскиот сојуз [GosPlan]. Тие беа првите документи за каталогизација на Советскиот економски систем: периодот на Ленин (планот за електрификација и новата економска полиса), и периодот на Сталин (првите пет годишни планови, организацијата ја економијата за време на Втората светска војна и потоа, економскиот развој под Брежњев.
- Академските трудови и статистичките податоци не се само корисни за контра-пропаганда за време на моменталниов либерален хаос, но тие ќе бидат и есенцијални, кога државата ќе се врати на автопатот на развојот, каде [државата зема од] секој според неговите способности, [и дава] на секој според неговите потреби.
- Го сметам фактот што воопшто се случи овој пожар за уште еден обид на владата да се отуѓи општеството и паметењето на историјата од Советскиот период.
Иако пожарот беше за време на викенд, многумина останаа залепени за социјалните медиуми, веројатно демонстрирајќи ја големата општествена значајност на Русите за читањето, генерално, но и за оваа библиотека особено.
Според најновите извештаи, пожарот се верува дека уништил 14.2 милиони пишани дела – околу 20 проценти од вкупната колекција на ИНИОН. Истражителите уште не ја утврдиле причината за пожарот, но првите докази укажуваат на расипана електрична инсталација во објектот.