- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

100 инстаграм фотографии поради кои ќе се заљубите во Нигерија

Категории: Супсахарска Африка, Нигерија, Граѓански медиуми, Уметност и култура, Фотографија

Сигурен сум дека сте слушнале за Нигерија и претходно. Боко Харам, така? Колењето и дивеењето од кои смрзнува крвта. Но, се сомневам дека сте слушнале за оваа „приказна“ од Нигерија – ремек-делото на природата.

Олувакеми Ојо сортираше „100 инстаграм фотографии од кои ќе се заљубите во Нигерија [1]“:

Нигерија е една афричка држава за која сите зборуваат, тоа е една многу убава нација и само откако ќе ја посетите ќе можете навистина да ја цените нејзината убавина. Од прекрасните градови, гратчиња и села, неверојатни атракции, прекрасни хотели и одмаралишта, бескрајни линии од ресторани и клубови, уникатната кујна, уметност и култура; Нигерија има многу што да понуди.