- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Британскиот евро-пратеник твитна за своето принудно слетување на аеродромот во Скопје

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Велика Британија, Македонија, Република Чешка, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Туризам

Драмата во воздухот над Скопје веднаш се рефлектираше на Твитер, по успешното принудно слетување.

Вечерта помеѓу 10 и 11 февруари, авионот на чешкиот авиопревозник ЦСА најпрвин кружеше 40 минути додека се трудеше да ги поправи нефункционалните заткрилца [1], а потоа принудно слета [2]. Пилотот успеа да го застане авионот на крајот од пистата, која неодамна беше продолжена.

Меѓу патниците беа и британскиот член на Европскиот парламент Ричард Ховит [3] и македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски. Во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, г-дин Ховит работи и како известувач за Македонија – тој е исто така и страстен твитерџија. Тој твитна [4] веднаш по несреќата:

Сѐ е во ред сега, но само што слетав принудно во Скопје во авион, на кој крилјата му откажаа. Рекоа зафатете положба. Мислев дека дојде крајот.

Richard Howitt MEP

Евро-пратеникот Ричард Ховит твитна веднаш по слетувањето.

…и додаде [5] уште неколку детали:

Принудно слетување. Снег на пистата. Пожарните возила се наредени. Стујардесата вели: „моли се, моли се, моли се.“ #Персоналот на чешкиот [6] авиопревозник се херои. Сѐ е во ред сега.

Извештајот [7] на МИА (Македонска Информативна Агенција) понуди повеќе детали:

Како што слетувал авионот, се забележал чад од гумите и капетанот успеал да го запре авионот токму пред крајот на пистата.

Ховит подоцна искоментира [8]:

…Тогаш не знаев дека имало чад. Му реков на Министерот: дајте му медал на пилотот зашто успеа да го запре авионот.

Неколкумина повторно ги твитнаа информациите од Ховит и пишуваа за да изразат поддршка и олеснување. Мален Бејкер напиша [9]:

Мило ми е што сѐ добро се завршило – кошмар што секој кој лета сака да го одбегне! Супер што сите се безбедни

Продолжувањето на пистата беше дел од договорот со турската авиокомпанија ТАВ, која ги реновираше и ги управува аеродромите во Македонија [10] со 20 годишен договор за закуп.

Иако регистраната нефункционалност на крилјата можеби нема никаква врска со времето, постојаната Балканска снежна бура [11]продолжува да влијае на воздушниот сообраќај во регионот. Пред неколку дена, хеликоптерите на Македонската армија, кои требаше да ги снабдат отсечените планински села, не можеа да полетаат [12] поради континуираните снежни врнежи.