Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Македонија: Британскиот евро-пратеник твитна за своето принудно слетување на аеродромот во Скопје

Драмата во воздухот над Скопје веднаш се рефлектираше на Твитер, по успешното принудно слетување.

Вечерта помеѓу 10 и 11 февруари, авионот на чешкиот авиопревозник ЦСА најпрвин кружеше 40 минути додека се трудеше да ги поправи нефункционалните заткрилца, а потоа принудно слета. Пилотот успеа да го застане авионот на крајот од пистата, која неодамна беше продолжена.

Меѓу патниците беа и британскиот член на Европскиот парламент Ричард Ховит и македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски. Во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, г-дин Ховит работи и како известувач за Македонија – тој е исто така и страстен твитерџија. Тој твитна веднаш по несреќата:

Сѐ е во ред сега, но само што слетав принудно во Скопје во авион, на кој крилјата му откажаа. Рекоа зафатете положба. Мислев дека дојде крајот.

Richard Howitt MEP

Евро-пратеникот Ричард Ховит твитна веднаш по слетувањето.

…и додаде уште неколку детали:

Принудно слетување. Снег на пистата. Пожарните возила се наредени. Стујардесата вели: „моли се, моли се, моли се.“ #Персоналот на чешкиот авиопревозник се херои. Сѐ е во ред сега.

Извештајот на МИА (Македонска Информативна Агенција) понуди повеќе детали:

Како што слетувал авионот, се забележал чад од гумите и капетанот успеал да го запре авионот токму пред крајот на пистата.

Ховит подоцна искоментира:

…Тогаш не знаев дека имало чад. Му реков на Министерот: дајте му медал на пилотот зашто успеа да го запре авионот.

Неколкумина повторно ги твитнаа информациите од Ховит и пишуваа за да изразат поддршка и олеснување. Мален Бејкер напиша:

Мило ми е што сѐ добро се завршило – кошмар што секој кој лета сака да го одбегне! Супер што сите се безбедни

Продолжувањето на пистата беше дел од договорот со турската авиокомпанија ТАВ, која ги реновираше и ги управува аеродромите во Македонија со 20 годишен договор за закуп.

Иако регистраната нефункционалност на крилјата можеби нема никаква врска со времето, постојаната Балканска снежна бура продолжува да влијае на воздушниот сообраќај во регионот. Пред неколку дена, хеликоптерите на Македонската армија, кои требаше да ги снабдат отсечените планински села, не можеа да полетаат поради континуираните снежни врнежи.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.