Шпанија: Протестите напредуваат, но тензијата продолжува

Мобилизациите кои започнаа на 15ти мај во Шпанија постепено прераснаа во локални состаноци, собири и различни видови на иницијативи насекаде во земјата. Поголемиот дел од активистите повеќе не се фокусираат на камповите. Камперите решија да го напуштат плошадот „Пуерта дел Сол“ на 12-ти Јуни, 2011. Тоа постана физичкиот симбол на немирот на луѓето во врска со нивните политички претставници. Интернет корисниците ова движење го нарекуваат „Sol se mueve“ (Сол се движи), а на Твитер го користат тагот #solsemueve.

Ова не значи дека движењето замре. Заседанијата и повторните средби постојат со специфични дејства, како што се маршовите кон градските совети на 11-ти јуни, со цел да се протестира против поставувањето на политичари обвинети за корупција. Во Мадрид, главниот град, седечки протест бил проследен со казни за демонстраторите од страна на полицијата, што може да се види на видеата споделени онлајн, меѓу кои е и она на новинарот Хуан Луис Санчез од Периодисимо Хумано:

Демонстрациите можеа да се следат преку тагот на Твитер #15menpleno:

dar1o: En madrid cantan levantando las manos: estas son nuestras armas! #15menpleno #acampadasol

dar1o: Во Мадрид пејат кревајќи ги рацете: ова се нашите оружја! #15menpleno #acampadasol

bufetalmeida: Concejales que pierden el miedo y se unen a los manifestantes. Sin escolta, sin coche oficial. Sin miedo, son el futuro. #15Menpleno

bufetalmeida: Политички претставници без страв им се придружија на демонстрантите. Без телохранители, без службени коли. Без страв, тие се иднината.  #15Menpleno

@Acampadabcn: En Palma de Mallorca, porrazos y tres detenidos. ¡Tod@s a la comisaría d San Ferrán ahora mismo! #15menpleno

@Acampadabcn: Претепувања и тројца притворени во Палма де Мајорка. Сите да дојдете во полициската станица Сан Феран, веднаш!  #15menpleno

11-ти јуни, 2011, Мадрид. Фотографијата е благодарение на Кристина Мари, @cristinagayart.

11-ти јуни, 2011, Мадрид. Фотографијата е благодарение на Кристина Мари, @cristinagayart.

11-ти јуни, 2011, Мадрид. Фотографијата е благодарение на Кристина Мари, @cristinagayart.

11-ти Јуни, 2011, Мадрид. Фотографијата е благодарение на Кристина Мари, @cristinagayart.

На 9-ти јуни, пред два дена, луѓе маршираа кон Конгресот за да протестираат против последното скратување на буџетот кое што втурнало многу луѓе во несигурни економски ситуации, но и во многу поранлива положба. Настанот бил покриен од страна на шпанските медиуми, а бил и најмногу коментирана тема на социјалните медиуми тој ден, главно преку тагот #15mfrentealcongreso:

phumano: Emocionado abrazo al coreado “abuelo de la revolución” #15M, #15Mfrentealcongreso, por J Bauluz http://yfrog.com/hsltfraj

phumano: Демонстратор го гушка докажаниот „дедо на револуцијата“  #15M, #15Mfrentealcongreso, од Х. Баулус  http://yfrog.com/hsltfraj

„Дедото на Шпанската револуција“. Фотографијата ја сподели Патриција Симон за Периодисмо Хумано

Некои луѓе, исто така, се против мобилизацијата и инсистираат полицијата да ги истера активистите од јавните простори:

DarkPlooKoon: Hay más policía que civiles y no pueden desalojar. ¿Que es esto señor Rubalcaba? ¡VERGONZOSO! #19J #15MFRENTEALCONGRESO

DarkPlooKoon: Има повеќе полицајци од цивили и не можат да ги истераат. Што е ова г-дине Рубалкаба? Срамота!  #19J #15MFRENTEALCONGRESO [Забелешка: Алфредо Перез Рубалкаба е заменик-премиер]

Мобилизацијата укажува на значително поголемо несогласување помеѓу луѓето и владата во Шпанија, кое стана уште позабележително, откако три члена на меѓународната хакерска организација Анонимни беа притворени под обвинение „пиратерија и хакнување на официјални веб-сајтови“. Полицијата гордо го објави притворувањето преку официјално соопштение:

La cúpula del grupo Anonymous ha sido desarticulada en nuestro país.

Лидерството на групата Анонимни во Шпанија е разоружано во нашата земја.

Сликите на кои што полицијата ги покажува маските кои што Анонимните ги користеле за време на наводните криминални активности се споделени онлајн:

Сподели од шпанската национална полиција на Твитер

Апсењето беше опширно покриено од страна на меѓународните медиуми, но и ги навеле шпанските интернет корисници да ја исмеваат владата поради нејзиниот недостиг од разбирање за тоа како фукционира интернетот:

@dbravo: Nada, un grupo de amigos que se reunen siempre en un mismo sitio. No digo más, que nos desarticulan.

@dbravo: Одам да се сретнам со пријатели на нашето вообичаено место, но не кажувам ништо повеќе за да не бидеме разоткриени.

Анонимните, како и повеќето шпански интернет корисници, жестоко се противеле на усвојувањето на нацрт-законот за одржлива економија во 2009, кој и дозволува на владата да одлучува кои сајтови на интернет треба да се блокираат или пак да им се отстрани содржината, што секако претставува голем удар против неутралноста и непристрасноста на интернет (прочитајте го постот на Глобал Војсис). Ова е уште еден доказ за несогласувањето помеѓу граѓаните и нивните политички претставници, кое предизвика различни иницијативи со цел да се поттикне политичка свесност. Движењата, исто така, растат и во други држави, постанувајќи се поглобални, како што може да се види во ова видео, споделено од страна на France 2:

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.