Свет: Еден ден на Земјата на 10.10.10

Проектот Еден ден на Земјата е за само еден ден, ден на кој луѓе од целата планета ќе снимаат видео клипови, ќе ги пратат и ќе станат дел од документарен филм и искуство коешто претставува снимка на човештвото.

Луѓе од сите делови на светот се пријавија да бидат дел од ова искуство, а многумина создадоа или се вклучија во некоја од 495те групи и заедници коишто се ангажираа околу настанот, од идни родители, до младенци, наставници, и групи од одредена земја или место. Иако повеќе од 10 000 луѓе веќе се пријавија, сеуште има некои земји со недоволна ангажираност околу настанот, па организаторите ги повикаа сите да се вклучат или да поканат други луѓе коишто живеат во некоја од земјите да се приклучат и да бидат дел од доживувањето.

Нивниот промотивен видео клип пренесува мал дел за тоа каков би бил овој документарен филм долг еден ден, а може само да замислиме колку ќе трае процесот на уредување на сите снимки:

Сеуште има време за пријавување и вклучување во настанот, а Мет Ламберт од блогот Motionographer убаво ги сумира резултатите:

Резултатите од овој проект ќе бидат архива од видео клипови (кои ќе може да се преземаат за некомерцијална употреба од страна на учесниците, за креативни и едукативни намени), долгометражен филм, како и заедница на режисери и инспирирани граѓани посветени на истражување на нашиот глобален идентитет преку споделен медиумски настан.

Сепак, според следниов видео клип, за да може да добиете пристап до оваа ризница од знаење, на 10.10.10 година ќе треба да поставите еден видео клип со траење од 1 минута. Па, не пропуштајте ја оваа шанса!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.