Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Уметничко дуо од Непал се надева дека нивните слики со голотија ќе ги охрабрат мажите да ја прифатат својата ранливост

Уметнички дела со машка голотија од Капил Мани Диксит. Слика од Санџиб Чодари. Искористено со дозвола.

Ставата на мажот во различни состојби во голотија е дел од непалската уметност со векови. Само погледнете го Чакрасамвара Мандала, непалска слика-пауба од 13 век на која е прикажано единството на богот Чакрасамвара и неговиот сопружник, или многуте статуи со еротски пози кои можат да се видат во хинду храмовите во Катманду.

Сепак, за да се насликаат слики со голотија и  да се постават во јавност во Непал сѐ уште е потребна мала храброст. Традиционланите родови улоги во непалското општество ги доживуваат мажите како оние кои се грижат за своите фамилии, што значи дека треба да се мускулести и силни. Како и во други делови во светот, ова „мачо“ очекување значи дека мажите во Непал не се секогаш комотни со ранливост или со зборување за нивните тела и сексуалност.

За да се отпочне дијалог за тоа што значи да си маж и да се прослави машката става, двајца непалски уметници, Капил Мани Диксит и Рошан Мишра ги изложуваат своите уметнички серијали со машка голотија во „Галерија Мкјуб“ во градот Патан до 19 февруари 2018 година.

Уметноста со голотија на @men … овие двајца прекрасни уметници @r0shanmishra & Капил Мани кои се обидуваат да го разубават машкото тело и воедно да го претстават емотивното страдање низ кое минуваат мажите заради тоа што се мажи. Жените кои себеси се нарекуваат феминистки треба некогаш да го посетат ова

При разговор за „Глобал војсис“, Капил објасни „Додека мажите ги ценат женските тела, зошто толку чудно гледаат на телата на мажите?“

God has created equally beautiful male and female bodies. Male are as handsome as female are beautiful. Let’s celebrate about our body. Why is it that we shouldn’t talk about it?

Господ ги создал телата на мажите и на жените со еднаква убавина. Мажите се толку згодни колку што жените се убави. Ајде да славиме за нашето тело. Зошто да не треба зборуваме за тоа?

„Розовото во мојата слика е конотација за пристапот кој општеството не ни го дал. Нѐ ставил во синџири во розевата боја,“ вели Капил. Фотографија на Санџиб Чодари. Употребена со дозвола.

 

Два лика во една рамка – едната ранлива, другата „мачо“. „Во ред е ти да бидеш свој, и мажите можат да плачат, и мажите можат да бидат чувствителни,“ вели Капил. Фотографија на Санџиб Чодари. Употребена со дозвола.

Рошан се употребил себеси како модел во неговите серијали од концептуални дела. Тој вели:

My work represents the negativity that lies in our society about the male form. Most of the males feel uncomfortable to talk about their own bodies and share their feelings, thoughts, and sexuality. My eight of the conceptual work shows a trapped male figure that has been struggling to come out from its shell….Some of the works show the negative male body surrounded by vibrant, colorful surrounding and other works show a body trapped and wrapped with the social status and fear within. Depicting the subtle nudity of my own body, through this exhibition, I have tried to reach out to those males who feel timid, shy, tender, depressed, confused, lost or even feel dominant. I want them to celebrate the male figure that is given to us by the grace of the god and be who we are.

Моите дела ја претставуваат негативноста за машката става која е дел од нашето општество. Повеќето мажи се чувствуваат неудобно кога зборуваат за своите тела и ги споделуваат своите чувства, мисли и сексуалност. Осум од моите концептуални дела покажуваат заробена машка фигура која се бори да излезе од својата школка…Некои од делата го прикажуваат негативното машко тело опкружено со живи, шарени околини а други дела прикажуваат тело заробено и замотано со социјалниот статус и страв одвнатре. Прикажувајќи ја суптилната голотија од моето тело, преку оваа изложба, јас се обидов да допрам до оние мажи кои се несигурни, кои се чувствуваат срамежливо, нежно, депресивно, збунето, изгубено или дури доминантно. Сакам да ја слават машката става која ни е дадена од елегантноста на Бог и да бидеме она што сме.

Уметнички дела со машка голотија од Рошан Мишра. Фотографија на Санџиб Чодари. Употребена со дозвола.

Уметнички дела со машка голотија од Рошан Мишра. Фотографија на Санџиб Чодари. Употребена со дозвола.

Уметнички дела со машка голотија од Рошан Мишра. Фотографија на Санџиб Чодари. Употребена со дозвола.

Капил додаде, „Многу луѓе ми пријдоа и рекоа дека мислеле исто како мене но не можеле да зборуваат за тоа“.

It’s not only our feelings but we’ve expressed the feelings of all males. Males never talk about these issues.

Не се само нашите чувства, туку ние ги изразивме чувствата на сите мажи. Мажите никогаш не зборуваат за овие проблеми.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.