- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Родителите во Русија сега можат да добиваат СМС известувања ако нивните децата пребаруваат за ИСИС на интернет

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Слобода на говор, Технологија, Цензура, Рунет Ехо
Parents in Russia can now get alerts when their kids do something suspicious online. (Image by Lars Plougmann on Flickr, CC BY-SA 2.0.)

Родителите во Русија сега можат да добиваат известувања доколку нивните деца пребаруваат сомнителни теми на интернет за време на мониторирањето. (Фотографија на Ларс Плоугман на Фликер, CC BY-SA 2.0.)

Систем за известувања по смс пораки наречен “Ангел чувар” наскоро ќе биде достапен за родителите во Русија кои се загрижени за тоа што гледаат—и пребаруваат— нивните деца на интернет.

Рускиот Центар за проучување на законитоста и политичките протести наводно работи на новиот систем за известувања. Софтверот наводно може да ги анализира активностите на тинејџерите на социјалните мрежи и да ги предупредува родителите доколку нивното дете можеби покажува интерес за екстремистички тематики и групи како ИСИС, организација која Русија ја има забрането како терористичка.

Раководителот на истражувачкиот центар, Јевгени Венедиктов, изјави [1] за рускииот дневен весник „Izvestiya“ (Известувања) дека тој предвидел дека и родителите и наставниците ќе се претплатат на смс известувањата на “Ангел чувар”‘, со што какво било девијантно однесување “би можело да се адресира и дома, но и во училишната средина.”

В школе с такими детьми смогут сразу начать работать психологи, социальные работники. А информация, которую разместит ребёнок у себя на стене в соцсети, будет оперативно удалена.

Во училиштата, психолозите и социјалните работници би можеле веднаш да започнат да работат со овие деца. А информациите кои детето ги објавува на неговиот „ѕид“ на социјалните мрежи би можеле веднаш да бидат избришани.

Венедиктов наведува дека софтверот би бил активиран од содржини како што се текстуални написи, фотографии, и видео записи „со радикален материјал“, кои го индицираат интересот на детето за екстремизам. Активаторите би можеле да вклучуваат слики од знамето на ИСИС, видео записи на кои се прикажани членови на ИСИС, како и одредени термини или фрази „често користени од поддржувачи и регрутери на ИСИС“ кои тинејџерите би можеле да ги користат во коментири или објави. Такви активатори-зборови или фрази ќе бидат рачно додавани во датабазата на системот.

Истражувачите прво планираат да го тестираат софтверот  „Ангел чувар“ во рускиот регион Новгород. Во есента, 2015 година, ученик од регионот Новгород беше обвинет за онлајн екстремизам. Седумнаесетгодишниот ученик поставил видео запис (наводно од егзекуција на војници и цивили од страна на екстремистички милитанти од Ирак) на неговата страница на социјална мрежа и сега се соочува со кривична пријава согласно член 280 од рускиот Кривичен законик. Обвинувања за повикување на екстремизам преку масовните медиуми или преку интернет во Русија може да резултира со казна затвор во траење до пет години.

Претседателот на советот на родители во едно од локалните училишта во Голем Новгород изјави дека тој е подготвен да го испроба експерименталниот систем.

У меня сын в 8-м классе, хочу обезопасить его от негативного воздействия интернета. Хотя вообще я сыну доверяю, захожу к нему на страничку в соцсети редко — раз в две недели. Но мне хотелось бы, чтобы в интернете было меньше негативных вещей, в том числе материалов, пропагандирующих ИГИЛ.

Мојот син е осмо одделение, и јас би сакал да го заштитам од негативните влијанија на интернетот. Генерално му верувам на мојот син, и само еднаш на две недели ги посетувам неговите страници на социјалните мрежи. Но би сакал доколку би имало помалку негативни содржини на интернет, вклучително и содржини кои го промовираат ИСИС.

„Рано предупредување“ е видот на пристап кој го предлага рускиот “Ангел чувар” и исто така бил испробан [2] во училишта во Обединетото Кралство, каде некои училишта имаат и софтвер воден од тестови за „антирадикализација“ кој им овозможува на учителите да ги означат загрижувачките фотографии кои ги користат учениците и да го анализираат интернет говорот наспроти поимник на зборови-активатори поврзани со џихадизмот и екстремизмот. Сепак, некои експерти предупредуваат [3] дека вршењето притисок врз училиштата да ги мониторираат учениците не е ефективен начин да се сопре радикализацијата, и наместо тоа ризикуваат да ги оттуѓат младите од муслиманските заедници и другите малцински групи.