- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

E-списание за археологијата и историјата на Балканскиот Полуостров

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Историја, Книжевност, Наука, Образование, Уметност и култура
Haemus-journal-1-2012-cover

Haemus journal Vol.1 (2012)
http://haemus.mk [1]


Неодамна [2]беше објавен првиот број на Хаемус [1], ново академско електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кое исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања. Списанието е публикувано под една од лиценците на Криејтив Комонс и го следи принципот за слободен и отворен пристап на информации [3].

Списанието Хаемус е публикација на „Хаемус [4]“ – Центарот за научно истражување и промоција на културата, со седиште во Скопје, Република Македонија. Издавачите се надеваат дека сериозниот и темелен пристап како и квалитетот на статиите, ќе предизвика интерес во академската заедница овозможувајќи да се воспостави долготрајна и ефикасна научна соработка.