Русија: Демографската криза значи „веќе нема кој да се повика“

На Русија и се подарени некои од најголемите резерви на природни богатства во светот, а сепак демографската криза која владее во неа, уште од распадот на Советскиот Сојуз, може да ја остави Русија без младина која ќе ја брани својата татковина.

Вкупниот животен век на Русија е на #161 во светот, што ја става по Белорусија, Северна Кореја и Монголија, иако вкупното ниво на плодност во Русија ја става на 196 место во светот. Моментално, има околу 138 милиони жители во Русија, а многумина сметаат дека ако тој број падне на околу 100 милиони, Русија нема да може да функционира како индустриска нација.

Во ноември 2011, блогот Вар нјуз апдејт (War News Update) објави статија од РИА Новости насловена „Руската војска нема кого да повика“:

Русија нема млади луѓе на потребната возраст за регрутација, рускиот шеф на Генералниот персонал се пожали во вторникот.

Моменталната криза со мобилизација во Руските воени сили најмногу се должи на демографското намалување и бруталното однесување со регрутите.

Генералот Николај Макаров изјави дека само 11.7% од младите мажи на возраст помеѓу 18-27 биле подобни за служба во армијата, но 60% од нив имале здравствени проблеми и не можеле да бидат повикани според законот.

A Russian Naval Honor Guard welcomes Navy. Adm. Mike Mullen to St. Petersburg, Russia on May 6, 2011. (Department of Defense photo by Mass Communication Specialist 1st Class Chad J. McNeeley/Released/CC BY 2.0)

Руската поморска почесна гарда го пречекува морнаричкиот адмирал Мајк Мулен во Св.Петерсбург, Русија на 6 мај, 2011. (Министерство за одбрана, фотографија на специјалистот за масовна комуникација од 1ва класа Чад МекНили/ објавена/ CC BY 2.0)

Студентскиот блог Истражувачки дневник на хуманистички науки објави извадок и вовед од труд напишан од Кристофер Хоплер од Универзитетот МекМастер, во кој се зборува како падот на Советскиот Сојуз влијаел врз руската популација:

Руската федерација доживеа бран на морталитет од околу 40% од 1992 навака, со броеви кои растат од 11 до 15.5 на илијада… Падот на Советскиот Сојуз во 1991 донесе многу социјални, политички и економски промени кои продолжија да влијаат врз Русија се до денес. Иако сите земји различно се движат кон демократскиот модел на транзиција, се гледаат генерални трендови. Како и да е, Русија се чини дека има своја специфична транзиција. Секоја земја покажува пад на наталитетот од различни причини, како што се болести кои ги искуси Африка со епидемијата на СИДА; други може да се причинети од социјални трендови кои водат до пад на стапките на плодност.

Падот на популацијата беше евидентен во Русија од распадот на Советскиот Сојуз, поради што служи како интересна студија на случај. На површината, спротивно од интуицијата е дека состојбата на државата ќе се влоши по падот на комунистичката партија; како и да е, возможно е политичката пресвртница е одговорна за почетокот на демографскиот проблем во Русија. Бројни фактори, вклучително економија, животен стил, здравствена грижа, и болести придонесуваат за намалување на популацијата во Русија. […]

Блогот Ал Фин контекстуализираше неколку последователни статии во објава од ноември 2011 насловена, „Постојаното губење на таленти ја прави руската демографија се повеќе да паѓа“:

Прекрасни млади русинки се натпреваруваат за да станат невести по нарачка за европејските, североамериканските и австралиските мажи. Амбициозните и способни млади руски мажи се напреваруваат за прекуокеански позиции – се само да го избегнат валканиот ќор сокак, што го претставува Русија за многумина од својата младина.

Еден цитат од Московски вести ја прикажува емиграцијата во нејзиниот историски контекст:

Русија нема видено нешто слично уште од 1917, известува Newsru.com. Над 1.25 милиони луѓе си заминале во последните 10 години, известува порталот за вести. „Земјата го губи интелектуалниот потенцијал,“ Newsru.com го цитира политичкиот аналитичар Димитриј Орешкин. „Најактивните, најпаметните и најмобилните си заминуваат.“

Уште еден цитат од World Crunch, кој зборува за тоа како конкретно луѓето кои поседуваат високо ниво на човечки капитал ја напуштаат Русија:

Не за прв пат, руските научници го носат своето големо знаење и се селат во странство. Некои од интелектуалните емигранти ги наведуваат проблемите со финансирање и руската црвена лента како причина са заминување. За други, одењето на Запад е едноставно избор на животен стил.

…Руските дипломци ја преферираат било која мала, непозната лабораторија во Европа отколку новиот научен руски комплекс [Сколково]. „Утврден е стабилен тренд: 100% од работните млади луѓе кои имаат шанса да заминат во странство, ја напуштаат Русија,“ изјави еден научен аналитичар. „Ако млад исражувач добие шанса да влезе во интернационалната арена, тој или таа ќе го направи тоа.“

Навистина, трендот се шири и надвор од научните кругови. Во октоври 2011, едно истражување покажува дека 22% од руските граѓани се подготвени да ја напуштат државата. Единственото нешто што ги издвојува научниците е тоа што тие се повеќе добредојдени од земјите кои ги примаат. „Проблемот не е навистина во недостатокот на финансии за научни проекти, туку поради севкупниот квалитет на живот,“ рече еден од научниците. „Ако обичните луѓе не се враќаат во Русија, тогаш зошто би се вратиле научниците?“

Блогот Глобални економски прашања расправа дека некои од напорите напрваени од руската влада за да се подобри демографскиот статус биле успешни, цитирајќи напис од Бирото за односи со жителите од мај 2011:

Во 2000 година, Русија искуси она што Русите го сметаа за пресвртна точка, смртните случаи (2,225,300) ги надминаа раѓањата (1,266,800) за неверојатни 958,500. Стапката на наталитет се намалила за 8.7 раѓања на 1,000 луѓе. Заедно со стапката на морталитет од 15.3, наталитетот кој достигнал најниска стапка на сите времиња -6.6 на 1,000 луѓе од популацијата, или -0.7% намалување. Целосната стапка на плодност се намалила на 1.195 деца од жена. Како што се гледа, кризата дефинитивно е забележлива, но не се презело ништо ефективно се додека Владимир Путин не објавил бонус од $9,000 за секое второ и наредно раѓање. Путин е најгласен гласноговорник за зголемување на стапката на наталитет и подобрување на здравствената состојба со цел да се избегнат последиците од ниската стапка на плодност. Програмата мора да е ефективна, затоа што наталитетот во 2007 година се зголемил на 1,610,100 од 1,479,600 претходната година, и расте одтогаш па навака. Ова е една од малкуте „успешни приказни“ за напорите на индустриските земји да ја зголемат стапката на наталитет.

Некои групи промовираат социјален пристап, наместо владиниот, за окончување на падот на популацијата. Интернационалната религиска организација ги забележала руските демографски проблеми и ги вклучила во нивната кампања против абортусот во светски рамки, како што е прикажано во постот од Интернационални обединети семејства во август 2011:

„Мајка Русија“ искусува голема стапка на намалување на популацијата. Во последните 20 години се проценува дека неверојатни 80 милиони неродени руски деца се абортирани. Во просек, секоја Русинка во текот на репродуктивниот живот ќе има седум абортуси.

Комбинирајќи ја таа висока стапка на абортуси со стапката на плодност 1.2 (стапка на плодност од 2.1 е потребна за замена на популацијата), Русија стои на работ да изгуби една третина од популацијата на секоја генерација. „Губиме скоро три четвртини од еден милион луѓе секоја година“, изјавува Алексеј Комов, претседател на Московскиот демографски самит, кој се одржа минатиот јуни.

Постот вклучуваше и видео продуцирано од Институтот за истражување на популацијата, кој расправа дека владините програми насочени кон решавање на демографското намалување датираат уште од времето на Цезар, но и дека секоја таква програма неизбежно пропаѓа:

„На крај, станува збор за верба и дух што одлучува колку деца луѓето ќе режат да имаат,“ рече Филип Лонгман, предавач и автор на Празната колевка: Како намалувањето на наталитетот му се заканува на просперитетот на светот. „Ова не е нешто што владата може да го направи. Ова е нешто што го прави општеството.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.