- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бахреин: Едно лице убиено за време на пред-утринската рација на полицијата

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Граѓански медиуми, Најважни вести, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Оваа објава е дел од нашето известување за Протестите во Бахреин во 2011 [1].

АЖУРИРАНО (4:27am според бахреинско време): Само што ни пристигнаа вестите дека и второ лице е убиено за време на рацијата.

Веќе известивме овде [2] и овде [3] за пред утринската рација од полициските сили на Бахреин врз демонстрантите кои од 14 февруари 2011 година се собираат кај Перл Раундабаут (Pearl Roundabout) во главниот град Манама. Сега се појави веста дека едно лице е убиено за време на пресметката.

Еве ги досега собраните информации од Твитер:

@emile_hokayem [4]: Само што добив извештај дека едно лице е убиено, а над 200 повредени лица се во болница

@chanadbh [5]: Најнови вести: Новинарот @MazenMahdi потврдува дека има 1 мртов и 200 повредени во #Бахреин. Полицијата ги нападна демонстрантите кај Лулу Раундабоут (Lulu Roundabout)  #14 февруари

@maryamalkhawaja [6]: На пат кон болницата да ги видам ранетите

@emoodz [7]: Ибрахим Шариф кој се наоѓа кај #Лулу им потврдува на #Би-Би-Си дека биле нападнати без предупредувања #Бахреин #14 февруари

@salehnass [8]: Сите што живеат во Лулу зградите гледаат од балконите. Сигурен сум дека и тие се преплашени како што сум и јас. #Бахреин

@BaghdadBrian [9]: непотврдени извори јавуваат дека има најмалку едно лице убиено во нападот кај #кружниот тек Лулу во #Бахреин??

@maryamalkhawaja [10]: Вести за убиени и многу ранети, ќе потврдам кога ќе знам за сигурно

@BaghdadBrian [11]: Ја најдов сестра ми. Луѓе дојдете за спасување на нашите браќа @мартир сквер (martyr square). Има и жени и деца. Слушаме викања дека шаторите се запалени

@ahmedalsairafi [12]: Слушам илјадници сирени насекаде#14 февруари #Бахреин

@hadeelalsh [13]: #бахреинските протестанти си играат игра на мачка и глушец со полицијата. Се прави облак од солзавци, се слушаат истрели од снајпер #14 февруари

@JustAmira [14]:  Се зборув а@бахреинлов: @JustAmira @acarvin @hhusaini луѓе нема истрели од пиштол само безопасни истрели за…..(cont) http://deck.ly/~1slDQ

@emoodz [15]: Интернетот во #Бахреин може да падне, се слушаат гласини дека ќе се прекине мрежата… ве молиме распространете ја нашата порака… се напаѓаат семејства#Лулу #14 февруари

@Sarahngb [16]: Пораки од твитер велат дека армијата се вмешува? Тенкови и оклопни џипови? #Бахреинn

@Sarahngb [17]: Би помислил дека ќе биде малку полесно да веруваш дека си видел, но не е 🙁 Се молам за сите вас. #Бахреин

@moftasa [18]: Диктаторите мислат дека вниманието на луѓето ќе биде поделени и дека луѓето нема да се грижат што тие сега прават во Бахреин и Либија.

Оваа објава е дел од нашето известување за Протестите во Бахреин во 2011 [1].