Овој напис е дел од специјалното известување за Протестите во Египет, 2011.
Египќаните сонуваат за подобра иднина, а за некои сонот се претвора во реалност. Во овој напис слушаме од египетските блогери како чувствуваат дека на повидок е раѓање на една нова земја, замја која тие ја чекале.
Мона Сеиф (@monasosh) објавуваше ажурирани случувања од плоштадот Тархир, вклучувајќи ја и вечерта на 2 февруари. Таа вака реагира кога ја опишуваат како „храбра“:
Морам да појаснам: не бев храбра, бев заштитена.
Борбата се прошири преку ноќ. Таа започна со срчи и камења, премина на молотови коктели, за на крај да прерасне во вооружена престрелка. Војската беше неподвижна, а дури и во еден момент се повлече , криејќи се зад своите камиони. Нема никогаш да најдам зборови за да ја опишам храброста за која и самата бев сведок таа вечер. […] Таа вечер ми помогна целосно да сфатам дека Египет кој јас го сакам е впрочем на плоштадот Тархир. Луѓето таму претставуваат сè она што е Египет, а јас сум со нив независно од тоа каква судбина нè очекува.
Мери ја објаснува нејзината посета на плоштадот Тархир заедно со една пријателка и нивната средба со некои од демонстрантите:
Една од нив, со голема насмевка, ме праша мене и другарка ми: – „зошто дојдовте?“…другарка ми и рече: – „затоа што ова е нашата земја…“, ја погледнав в очи и за малку не ја прегрнав, велејќи ѝ: – „бидејќи ВИЕ сте мојата земја“… и тие навистина се, о Боже, тие се земјата која ја барам целиот свој живот и која конечно ја најдов…
Надја Ел-Авади ги изразува своите чувства на Твитер:
Египќаните се дома: престанете да ја гледате државната телевизија и дојдете на Тархир. Видете го # Египет за кој сите ние мечтаеме# јан25
Блогерката која сама се нарекува Одметник во свет на сни пишува: