Видео запис: Експлодирачки кинески пуканки

Криејтив Комонс- Наведи извор- Сподели под исти услови Bunchofgrapes

Видео записи од кинеска техника за правење пуканки го обиколуваат интернетот. Додека кај многумина правењето пуканки варира од едно зрно кое пука до изобилство од тропања и пукања, во Кина пуканките експлодираат.

Chinese man using popcorn hammer to pop cornМашината за правење пуканки од Аугапфел Криејтив Комонс- Наведи извор

Овој видео запис покажува како работи „чеканот“ за правење пуканки, а во моментот кога луѓето ќе го чујат големото бум тие се нафрлуваат со своите садови и тавчиња за да купат пуканки:

Видео записот поставен на блогот БоингБоинг, поттикна носталгичен коментар кај шангаиед:

Ах, сè ми се враќа сега, моето детство во Кина за време на 1980-тите. Секогаш истиот старец на трицикл и еден куп деца околу него кои беа таму колку за пуканките, толку и за малите експлозии и облаците од пареа. Секое пластично ќесе го продаваше за 10 центи, а за 50 ќе испукаше цела кофа со пченка или ориз кои ние самите ќе си ги донесевме. Секогаш бев вчудоневиден како неколку килограми пченка на дното од вреќата ја полнеа до врв после пукањето.

Во истиот видео запис еден од оние кои коментираа ја објаснува науката која стои зад оваа техника:

Пуканките пукаат затоа што притисокот во внатрешноста е поголем од оној од надворешноста на лушпата. Загревањето во затворен сад доведува до изедначување на притисокот сè додека не се отвори капакот со што притисокот од надворешноста драстично опаѓа и предизвикува сите зрна да пукнат истовремено. Едноставна наука/инженерство.

Можеби пукањето дејствува како реклама: слушни го и дојди земи си свежо испукани пуканки. Но, доколку си ја пропуштил експлозијата, можеби гласниот автомобилски аларм ќе ти помогне:

Оваа техника е забележана и во Јапонија, но тука, наместо пуканки се пукал ориз:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.