Русија: Преглед на интернетот во 2010
Во 2010 година беа нагласени неколку значајни трендови во рускиот интернет. Онлајн присуството расте многу брзо со луѓе кои сè повеќе добиваат онлајн вести и активно ги користат социјалните мрежи. На многу начини, 2010 година донесе признавање на моќта на интернетот во руското општество.
Според РуМетрика [руски], дневната публика на РуНет била 38 милиони во Ноември 2010 година. Тоа претставува зголемување за 40 проценти од пред само една година. Тркалезната маса “РуНет 2010″ одржана во Дума (Рускиот парламент) во декември оваа година, исто така, го пнагласи фактот дека постојат 46.5 милиони онлајн корисници во земјата. Тоа е највисокиот број на интернет корисници во Европа. Сепак, Русија сеуште заостанува во однос на пробивање на интернетот.
Русите активно ги конзумираат онлајн вестите и пополека ги одбегнуваат традиционалните медиуми. Онлајн секторот за вести моментално има 19.6 проценти од публиката на РуНет. Други популарни области на интернет се бизнисот, компјутерите и филмовите со 15.9, 12 и 9.8 проценти од онлајн присутните воопшто.
Исто така изгледа дека Русите стануваат се позаинтересирани за виртуелните тури во националните музеи и уметнички галерии, додека, нивните апетити за онлајн музика се намалуваат. РуМетрика го објаснуваат ова со големата достапност на музика на социјалните мрежи (најпопуларната од нив, Вконтакте.ру, e најпознатата за хостирање на огромна количина на авторска содржина лесно достапна за било кој од корисниците). Во исто време, РуМетрика велат, виртуелните тури во националните музеи станаа достапни од неодамна и многу луѓе од подалечните региони на земјата добија можност да ги посетат онлајн врвните уметнички галерии.
Руската блогосфера значително порасна во обем – постојат 30 милиони блогови – и популарност во 2010 година. Според медиумската служба Паблик.ру [руски], традиционалните медиуми цитирале информации од блогосферата 6 000 пати во 2010 година. Тоа е 30 пати повеќе отколку од пред пет години.
Паблик.ру, исто така, извести дека независните блогери активно учествувале во формирањето на јавното мислење во 2010 година. “Политичарите, владините претставници, општеството и традиционалните медиуми исто така почнаа да известуваат за информации на Livejournal.com [најпопуларната блогерска платформа во земјата- ГВ],” пишува Паблик.ру, „Се создаде нова вертикала на информирање: општество-блогери-медиуми-власти”.
Главните пет наслови во руската блогосфера во 2010 година кои беа опширно покриени од страна на главните медиуми се:
- Борбата за заштита на шумата Кимики (видете ја ГВО статијата овде).
- Сообраќајна несреќа на потпретседателот на Лукоил (видете ја ГВО статијата овде).
- Протестот “Сини кофи” (видете ги ГВО снимките овде и овде)
- Случајот со “Поручникот Перл” (снимка како рускиот поручник ги тепа протестирачите во Москва).
- “Ринда” и руските силни пожари (видете ја ГВО статијата овде и овде).
Помеѓу главните пет руски блогери спаѓаат навални (видете интервју на ГВО со него овде), тема (дизајнер кој сака да пцуе МНОГУ), другои (Руски фотограф), топ-лап (неговиот блог е укинат, ГВО известија за ова претходно) и доктор-Лиза (информации за позадината имате овде).
Може да се претпостави дека онлајн трендовите прикажани во 2010 година ќе продолжат да се развиваат во годините кои што доаѓаат. Руската блогосфера ќе продолжи да расте заменувајќи ги традиционалните медиуми во однос на корисниците и влијанието. Како што повеќе и повеќе Руси се приклучуваат на интернет, многубројни социјални платформи ќе создадат линкови и ќе привлечат се повеќе луѓе. Ова би водело до дури побрзо ширење на информациите. Претседателските избори во Русија во 2012 година подгреваат различни политички гледишта на РуНет. Карактеризирани од повеќето Руси како недоверливи и корумпирани, традиционалните форми на медиумите ќе бидат драстичен контраст на онлајн светот со разгорувањето на политичките дебати.
Исто така, ќе видиме многу успешни приказни на граѓани кои известуваат и онлајн активизам во 2011 година. Некои од тие приказни (и блогери) ќе бидат ништо повеќе отколку само пиони во паметните политички битки помеѓу различните групи на власт. Да, руските власти ќе направат неколку обиди за да ги контролираат информациите кои доаѓаат онлајн. Таквите обиди, во поголем дел, ќе бидат суптилни и не толку ефективни.
Севкупно, 2001 година ќе биде многу динамична година за РуНет. Исто така, ќе биде и неверојатна година за нас, луѓето кои работиме во РуНет Ехо. Луѓето кои се фасцинирани и воодушевени од се она што се случува во рускиот онлајн свет. Ние гордо и со нетрпение чекаме да ги споделиме приказните со глобалните заедници и да го донесеме на РуНет поблиску до остатокот од светот.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!
Овој напис е дел од RuNet Echo, проект на Global Voices со кој се интерпретира рускиот интернет. Сите написи ·
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е дел од RuNet Echo, проект на Global Voices со кој се интерпретира рускиот интернет. Сите написи ·
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!