САД: „Сакаме да се емитува Ал Џезеира!“

Овој напис е дел од нашата посебна репортажа за Протестите во Египет 2011 г.

I want Al Jazeera

Слика на Мајк Лихт, NotionsCapital.com

За време на добро познатите немири во Тунис и Египет катарската телевизија Ал Џезеира добива пофалби од целиот свет, особено за неодамнешните репортажи на нејзиниот канал на англиски јазик. Откако Њујорк Тајмс ги пофали Лајвстејшн, интернет страницата english.aljazeera.net и Фејсбук страницата на каналот, голем број на Американци сакаат каналот да стане дел од нивните кабелски пакети.

Еден од нив е и Џеф Џарвис, професор по новинарство во Њујорк. На блогот тој објаснува:

Кабелски оператори: Додадете ја Ал Џезеира ВЕДНАШ!

Крајно не американски е што сè уште одбиваат да ја пренесуваат. На Средниот Исток се случуваат значајни вести кои влијаат на целиот свет и никој: ниту ксенофобичните, ниту опседнатите со славни личности, ниту суровите американски медиуми можат да ги доловат гледните точки, познавањата и известувањата од местото на настанот што ги има англиската Ал Џезеира.

Да, можеме да ја гледаме АЏА (Ал Џезеира на англиски) на интернет. Но и покрај тоа што сум голем интернет ентузијаст, сепак сметам дека емитувањето на каналот на интернет нема да го има она влијание врз политиката и образованието што би го имал ако каналот стане дел од кабелската телевизија. Можам да гледам АЏА во хотелската соба во Цирих каде што престојувам во моментов, зошто да не можам да го правам истото од мојот кревет дома.

Џарвис исто така објави на Твитер:

Она што претставуваше Заливската војна за СиЕнЕн, истото тоа претставува револуцијата во Египет за англиската Ал Џезеира… само што ние во Америка не можеме да ја гледаме.

Професорот по новинарство на универзитетот Њујорк, Џеј Роусен, има слични размислувања во однос на ситуацијата, што го покажува и неговиот твит:

Водителите на Ал Џезеира, кои се спротивставуваат кога нивните гости кажуваат глупости, им прикажува на луѓето во Америка колку само се банкротирани нивните медиуми.

Даниел Страјхер кој е поврзан со еден напис во Хафингтон Пост на истава тема, денес на Твитер напиша:

Зошто англиската Ал Џезеира не се емитува во Америка? Недоволно вести за Бибер? http://pulsene.ws/Vr5J

Роб Хиндман има поинакво објаснување зошто мисли дека каналот не е достапен во САД:

Стравот на Америка од Ал Џезеира е поради нејзината независност. Исто како со Викиликс .

Самиот канал исто така води и кампања со цел да ги поттикне Американците да бараат од нивните кабелски оператори да ја емитуваат англиската Ал Џезеира. Кампањата презентира митови и факти и им овозможува на корисниците да го внесат нивниот поштенски број и да пратат писмо до нивниот кабелски оператор.

Причините поради кои во Америка Ал Џезеира се наоѓа на црната листа се нејасни, иако преку неодамнешните настани се покажа дека вината не е во недостатокот на побарувачка. На 30 јануари, онлајн шефот на страницата Мохамед Нанабхај објави на Твитер:

55% од вечерашниот интернет сообраќај на Ал Џезеира на англиски јазик е од САД и Канада.#egypt

Поставувањето на сликата направена од Мајк Лихт, NotionsCapital.com е овозможено преку Криејтив Комонс лиценцата- Наведи извор 2,0.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.