#ИТие: Сиријки раскажуваат за силувањата во затворите на режимот

Слика од документарецот „Syrie, le cri étouffé“.

Во декември 2017 година, француски документарец емитуван од францускиот телевизиски канал „Франс 2“ прикажа група жени кои преживеале силување и мачење во тајни затвори на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Во 72-минутниот филм со наслов „Syrie, le cri étouffé “(„Сирија, придушениот плач“) преживеаните, кои се сега бегалки во Турција, Јордан и низ Европа, говорат за нивното апсење а потоа и притвор, и опишуваат како режимот на Асад се служел со силување за да ги израмни сметките со противниците и да ги придобие заедниците кои се против неговото владеење.

Документарецот се појави по еден глобален момент на пресврт што предизвика лавина од смели откритија искажани од жртвите на сексуално насилство кои преку друштвените медиуми го искористија хаштагот #MeToo [И јас]. Кампањата започна по скандалот со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин кој го искористи своето влијание за сексуално да уценува долга листа на холивудски ѕвезди. Трендот наскоро се прошири како див пожар, со голем број жртви кои се отворија, а со тоа турнаа славни личности и политичари ширум светот од нивните пиедестали.

Храбар потег, кој ретко се очекува, е оној на две жени кои се одлучија да зборуваат за своите грозоморни искуства со целосни имиња и нескриени лица. Во патријахалното сирискo oпштество каде обвинувањето на жртвите на сексуално насилство се шири, а дискусијата за овој проблем се смета за вкоренето табу. Преку обелоденувањето на грозоморните приказни, кои настале во темен, подземен свет на мачење и силување, во извештај на „Хјуман рајтс воч“ од 2012 година наречен „архипелаг на мачењето“, документарецот ја раздрма долготрајната тишина која ги прогонувала жртвите и благодарение на која известувањето за овој проблем беше сведено на минимум.

Според проценките на ОН, десетици илјади луѓе се притворени од сириските безбедносни сили.

It was October..at night..I was sitting at the bedside pondering what will happen next…the door opens..three enormous men entered. I heard one ask another: ”Who is to start first?” My blood ran cold. What does that mean?

Беше октомври…ноќе….седев покрај креветот мислејќи што ќе биде следно….вратата се отвора….тројца огромни мажи влегоа. Чув како едниот го праша другиот: „Кој ќе почне прв?“ Крвта ми замрзна. Што значи тоа?

Гласот на една од жените што е дел од документарецот трепери кога се присетува на тие ужасни моменти кои довеле до нејзиното силување во еден од озогласените сириски затвори. Уапсена кај воена контролна точка во јужниот град Дараа за учество во мирни протести и медицински напори по воена акција, жената вели дека била обвинета за „носење оружје на терористи,“ често обвинение поднесувано против противниците на Асад.

Таа опишува како прво ја натерале да гледа друга жена, која ја нарече Алва, како ја силуваат како предупредување дека ако и таа не каже сѐ, истото ќе ја снајде и неа.

Alwa's hands and legs were pinned down by three men, a fourth on top raping her. She was screaming. What an awful sight! Alwa was unmarried. The wedding dress, party, trills of joy, decoration…Everything she was robbed of came to my mind at that moment.

Рацете и нозете на Алва ѝ ги држеа тројца мажи, четвртиот врз неа ја силуваше. Таа врискаше. Каква ужасна глетка! Алва беше немажена. Невестинскиот фустан, забавата, радоста, декорирањето….Сѐ она што ѝ беше одземено ми пројде низ главата во тој миг.

Зборувајќи во темницата и со скриено лице, гласот и движењето на рацете на жената издаваат незадржливи емоции и видлива вознемиреност додека се навраќа на овие горчливи спомени.

Ја силувале во озогласениот 215-от безбедносен огранок во Кафр Соуса, Дамаск. Таа вели:

Three monsters entered the room. The first started to unzip my jacket. He set off to forcefully remove my clothes. I was in denial as to what was happening. I was screaming…in so much pain…I felt my soul leaving my body. My whole world came tumbling down. I was stark naked when I woke up…the sheets were stained. I could not remember what happened…

Три чудовишта влегоа во собата. Првиот почна да ми ја откопчува јакната. Тргна на сила да ми ја соблече облеката. Јас не можев да поверувам што се случуваше. Врискав….со толку многу болка….си ја осетив душата како ми го напушта телото. Целиот мој свет ми се сруши. Бев комплетно гола кога се разбудив…чаршафите беа исфлекани. Не можев да се сетам што се случило…

Еднаш, петмина еден по друг ја силувале:

With the fourth, I began to feel excruciating pain like I was in labor. I heard one tell another. ‘Go on, it's OK!’ I felt something unusual was happening. When I looked down, I saw a pool of blood underneath me. I tried to rise to my feet but I couldn't, at which point I lost consciousness.

When I woke up, I found myself in a hospital. A doctor told me that I suffered a stroke and lost a lot of blood. The nurse later told me that the doctor made them believe I was dead so that I can escape.

Со четвртиот, почнав да чувствувам неизмерна болка како да се пораѓав. Слушнав како едниот му вели на другиот „Продолжи, во ред е!“ Почувстував дека нешто невообичаено се случуваше. Кога погледнав надолу, видов вир од крв под мене. Се обидов да ги кренам нозете но не можев, и тогаш изгубив свест.

Кога  се разбудив, бев во болница. Доктор ми кажа дека сум имала мозочен удар и сум изгубила многу крв. Сестрата подоцна ми кажа дека докторот ги убедил дека сум умрела за да можам да избегам.

Уште една жртва на насилство беше Мерием Клеиф од Хама, студентка на универзитет, вработена и мајка на четири деца. За време на задушувањето на протестите од страна на режимот во нејзиниот роден град, таа се вклучи во спасувачки мисии и покрај зголемениот број на смртни случаи и повредени, и ги лекуваше ранетите во монтажна болница во близина на градот. Мерием беше уапсена кога безбедносни сили упаднале во нејзината куќа кратко по нејзината тајна посета на семејството кое го немаше видено четири месеци. Зборувајќи со откриено лице, Мерием се враќа на денот кога била уапсена:

 They barged into the house, smashed the door and dragged me on to the street. Men stood watching with their faces cast down, unable to lift a finger.

Тие упаднаа во куќата, ја срушија вратата и ме извлекоа на улица. Мажите стоеја и гледаа со нивните лица свиснати надолу, немоќни да сторат нешто.

Ја ставиле во блиндирано возило со уште пет други жени, а меѓу нив и 55-годишна што се вика Ум Мустафа која ја тепале и клоцале цел пат до затворот.

Мерием го опишува запрепастувачкото физичко мачење низ кое прошла поради кое има сериозна оштетување на бубрегот.

I was hanged from the ceiling…My hands tied to the wall…severely beaten in an unimaginably brutal way.

Висев од таванот…Рацете ми беа врзани за ѕидот…страшно ме тепаа на незамислив брутален начин.

Додека ја тепале, цело време била пуштена песна што го величела Башар ал-Асад. Како што ја опишува тортурата, нејзиниот глас застанува и таа почнува да плаче:

 I thought that was all and they were done with torture. How naïve I was! Everything that happened up to that moment was nothing compared to what was to come…

When the night falls, they would pick beautiful detainees, take them to someone called Lt. Colonel Sulaiman from Tartous. His room had a door leading to another room, equipped with two beds and a table on which all kinds of alcohol were arrayed. He even invited friends to watch the rapings, one of them was a usual visitor called Colonel Jihad, who took part in raping women.

I watched them rape my friend. Another woman was seven months pregnant when they raped her. She had a miscarriage due to brutal rape and the kicks to her belly. I saw it with my own eyes. I was screaming hysterically. No one ever heard…

They would pour Arak [alcoholic spirit] on the bodies of women…

Мислев дека тоа беше сѐ и дека беа завршени со мачењето. Колку бев наивна! Сѐ што се случи до тој момент не може да се спореди со она што допрва следеше…

Кога се стемнуваше, ќе одбереа убави затворенички, ќе ги однесеа кај некој наречен потполновник Сулејман од Тартус. Во неговата соба имаше врата која водеше кон друга соба, опремена со два кревета и маса на која беше нареден секаков вид алкохол. Тој дури канеше и пријатели да ги гледаат силувањата, еден од нив беше редовен посетител наречен полковник Џихад, кој исто така ги силуваше жените.

Јас ги гледав како ја силуваат мојата пријателка. Друга жена беше во седмиот месец од бременоста кога ја силуваа. Таа го изгуби бебето заради бруталното силување и удирањето по нејзиниот стомак. Го видов тоа со свои очи. Хистерично врискав. Никој никогаш не слушна…

Истураа Арак (алкохолен пијалок) на телата на жените…

Мерием самата била силувана групно од четири мажи, меѓу кои бил и полковникот Џихад. Таа го опишува секојдневното рутинско мачење на жените во затворот како циклус на тепање во текот на денот и силувања во ноќта.

Силувањето како воено оружје

Жена-офицер од Дераа која служела осум години во војската на Асад пред да дезертира вели дека силувањето на почетокот се случувало само во притворите. Зборувајќи со грбот свртен кон камерата, таа вели дека подоцна, силувањата станале посистемски: жените биле силувани на контролни точки, на улиците, дома пред нивните сопрузи.

The regime used rape to humiliate the Syrian man. Women were detained to blackmail Syrian men. When a man is engaged in the revolution, his female relatives were detained as a blackmail tactic.

Режимот го користеше силувањето за да ги понижи сириските мажи. Жените беа притворени за уценување на сириските мажи. Кога маж е дел од револуцијата, неговите женски роднини биле притворани како тактика на уценување.

Спроведувајќи ги наредбите од воените команданти, женските роднини на борците против Асад биле силувани за време на нападите. Силувањата биле снимани и видеата им се праќале на борците за „да им го срушат духот“, вели таа.

Скоро ослободена жена потврди дека во последно време нагло се зголемува бројот на притворени жени, посебно од областите кои ги држат бунтовниците, и се припишува кон намерата на режимот да ги користи како роба за ценкање во размени на затвореници со опозицијата.

Социјална стигма: Додавањето повреда врз повреда

Трагедијата на силуваните жени не завршува со нивното ослободување. Како додавање сол на раната, социјалната стигма споена со силување и сексуална злоупотреба им го прави животот речиси невозможен.

Мажите кои преживуваат притвор се сметаат за херои, но ретко кој сочуствува со жените, и тие често се обвинувани за носење нечесност на нивните фамилии.

Според една од жените кои биле интервјуирани во филмот:

In a conservative Syrian society, like all Muslim societies, rape shakes basic Islamic values. It desecrates a sacrosanct thing that is a woman's body. It is hard for a Muslim society to reconcile itself to such thing, that's why utmost secrecy is enforced.

When the raped woman is a mother, the life of the entire family is upended.

Во конзерватино сириско општество, како и во сите муслимански општества, силувањето ги растресува основните исламски вредности. Го валка женското тело кое е свето нешто. Тешко е за муслиманско општество да се помири со вакво нешто, затоа стапува на сила најголема тајност.

Кога силуваната жена е мајка, животот на целото семејство е превртен.

За друга жена пак, смртта би била полесна од силување:

My self-image was tarnished because of a bunch of monsters. Rape is much worse than death.

Many of the raped women were disowned by their families, stigmatized by society.

People tell us that we should not have allowed it to happen. How is that possible? It happened against our will.

Мојата слика за себе беше уништена поради еден куп чудовишта. Силувањето е полошо од смртта.

Многу од силуваните жени беа отфрлени од нивните фамилии, стигматизирани од општеството.

Луѓето ни велат дека не сме смееле да дозволиме да се случи тоа. Како е тоа можно? Тоа се случи против наша волја.

Оваа култура на нетолеранција се одвива во рацете на режимот кој го користи силувањето за да нанесе што е можно повеќе озогласеност и нечесност.

Фавзиа Хусеин ал-Калаф, која го преживеала масакрот ал-Хоула во Хомс исто така говори со откриено лице. Милитантите на Шабиха ѝ упаднале дома. Не ги послушале нејзините молби да ја силуваат неа и да ги поштедат нејзините ќерки. Ја силувале заедно со своите ќерки пред милитантите на Шабиха да им ги пресечат грлата една по друга. Само Фавзиа и ќерка ѝ Раша го преживеале масакрот. Проголтани од срам, тие оттогаш не биле меѓу луѓе. Тие избегнувале собири и никогаш не се возеле во автобус.

Поранешна затвореничка во таен затвор наречен „Афак“, која беше ослободена во размена на затвореници меѓу режимот и опозициските фракции, вели дека изброила пет самоубиства на силувани жени-затворенички во текот на два месеца.

„Силуваните жени се заглавени меѓу наковалната на режимот и чеканот на општеството,“ вели жената од Дераa.

Како многу од другите жени, Мерием стана бегалец за да избега од стигмата и да започне нов живот. Солзи ѝ се слеваат по образите кога опишува колку ѝ недостасува Сирија. Таа вели дека Алва имала полоша судбина. Нејзината неразјаснета смрт навела многумина да веруваат дека татко ѝ ја убил.

I am now divorced with four children. I am a stranger here…I am nothing…a soulless body,

Јас сум сега разведена со четири деца. Туѓинка сум тука…Ништо сум…тело без душа,

Измешан одговор од публиката за документарецот

Документарецот ги шокираше корисниците на друштвените медиуми, и многумина од нив го споделија видеото. Некои си ја сменија сликата на профилот со сликите од жените кои се појавија во документарецот. Жан-Пјер Филиу, француски професор по студии за Блискиот Исток на „Сајнсес По“ при Париската школа за меѓународни работи, напиша статија повикувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон да повлече орденот од Легијата на честа на Франција (највисокото цивилно одликување во Франција) од сирискиот диктатор како што сторил со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, потсетувајќи го францускиот претседател на поранешни изјави кои бараа Асад да се симне од власт и да се суди за воени злосторства.

Сириските, либанските и француските активисти отпочнале кампања на друштвените медиуми под водство на францускиот филозоф Фредерик Лоноар, кои потпишале петиција упатена кон францускиот претседател, повикувајќи го да интервенира за ослободување на сириските жени-затворенички.

Но, никој не виде ништо освен мала надеж за конкретна акција и покрај бесот поттикнат од документарецот.

Анвар ал-Буни, директорот на сирискиот Центар за студии и правни истражувања го искажа својот песимизам кон напорите да се изведат сторителите пред лицето на правдата.

 

The Syrian people now realize that pleas for the world to stop these violations are futile.

Сирискиот народ сега сфаќа дека молбите за светот да ги сопре овие прекршоци се залудни.

Во разговор за „Араби 21“, ал-Буни рече дека сирискиот режим го блокира напредокот на ова досие кое го смета за спас.

The regime is using this file as a weapon. It is impossible to make progress as long as Assad remains in power.

Режимот го користи ова досие како оружје. Невозможно е да се направи напредок се додека Асад е на власт.

Русија и Кина постојано користат вето за да ги блокираат резолуциите на ОН против сирискиот режим со кои го заштитуваат го нивниот сојузник од санкции за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Францускиот претседател покажа помек став кон судбината на Асад. Рунди мировни разговори меѓу сириската влада и опозицијата не успеаа да доведат до успех во случајот со затвореничките.

За'ртен од историјата на непреземање ништо, овој песимизам беше разгласен од жените во документарецот. За Мерием:

I am convinced that people will see the documentary, look the other way and carry on with their lives as normal. For over five years, we have been calling on the West to push for the release of Syrian women. Nothing has happened.

This is a call for the women of the West…Do something to help Syrian women…

Убедена сум дека луѓето ќе го гледаат документарецот, ќе погледнат на другата страна и ќе си продолжат нормално со животот. Преку пет години, ние го повикувавме Западот да притисне за да се ослободат сириските жени. Ништо не се случи.

Ова е повик до жените од Западот…Направете нешто за да им се помогне на сириските жени…

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.