Очајни за побезбедни патишта, Руси буквално ги полнеа дупките со пари

Russians bury their kopecks in potholes in a public protest against bad roads. Image: Alexander Rebrishchev / YouTube

Руси ги закопуваат нивните копеци во дупките на патиштата во јавен протест против лошата состојба на улиците. Фотографија: Александер Ребришчев/ ЈуТјуб

Насекаде низ светот, дупките во патиштата и генерално неодржуваните улици се плодна почва за трева, локви вода, и неочекувани протести. Минатата година, некој кој себеси се нарекува “Венкси” започна со цртање на графити на огромни пениси околу дупките на улиците во Манчестер и пошироката околина. Во март 2013, српски весник ги повика неговите читатели да “посвојат дупка и да ја гледаат како расте.” Две години пред тоа, неколку незадоволни граѓани во Зимбабве насадија дрвја во дупки на патот. Сите овие беа напори (некои повеќе успешни од другите) за да се повикаат локалните власти да ги „закрпат“ патиштата.

Русите, кои се љубители на изреката дека само „будали и лоши патишта“ се двете нивни најголеми несреќи, исто така имаа свој удел во политиките околу дупките на патиштата.

Во мај 2015 година, активист од рускиот град Рјазан се појави на насловните страни низ целиот свет со цртање на графит од лицето на градоначалникот околу дупките на улиците. Оваа акција доби уште повеќе на публицитет, кога од градот ги прекрија графитите, пред и воопшто да ги поправаат дупките. (Поправките, згора на тоа, беа само маскирање, и голем дел од дупките се вратија уште истиот месец.)

Бесценето. Графитот кој ги искористи дупките да го исмее градоначалникот на Рјазан е прекриен. Дупките: нечепнати.

Во изминатите пет недели, Русија беше сведок на нов бран на скандали поврзани со дупките на патиштата. Во зависност од вашиот став кон лошите јавни услуги и небезбедни патишта, овие приказни или ќе ве забавуваат или ќе ве загрижат.

Во градот Липетск (околу 300 милји јужно од Москва), граѓаните снимија две инстанци на особени некомпетентна поправка на патиштата. Првиот инцидент се случи на 20 јануари, кога граѓанинот Денис Попов сними екипа која истура асфалт во дупките на патот на улица сеуште покриена со снег. Поправките течеа, и покрај тоа што патот—а да не зборуваме за дупките—биле речиси невидливи. Попов дава „колоритни“ коментари зад камерата, шегувајќи се дека новиве поправки мора да користат некој вид на “нанотехнологија.” На ЈуТјуб, видеото привлече повеќе од 50,000 прегледувања.

Втората рунда—исто така во Липетск—дојде само 11 дена подоцна, кога друг локален граѓанин сними нови уште побесмислени поправки на патот. Во видеото, работник со лопата фрла валкан снег и камчиња во отворена дупка, потоа порамнувајќи ја со својата лопата. “Ох! Најновата технологија, втор дел!” се шегува човекот позади камерата, очигледно повикувајќи се на “нанотехнологијата” од снимката на Попов од истиот месец.

Доцна во февруари, околу 90 милји на југ, жителите на мало гратче во околината на Воронеж одлучија да го насочат вниманието кон нивниот проблем со дупките на патиштата, претворувајќи ги некои од најопасните места за сообраќај на улиците во насади со цвеќе. Во една дупка, тие исто така истурија торба монети, пред да ги закопаат со цeмент. „Овие се наши пари. Ваќа ќе ги закопуваме нашите пари,“ вели големата група мажи обраќајќи се на Владимир Путин, барајќи помош. Во тоа видео, кога мажите завршуваат со садење на цвеќиња и закопување на нивните копеци, тие продолжуваат со работа на патот со спрејови, цртајќи цвеќиња околу дупките.

Венкси и неговите поддржувачи ќе бидат разочарани кога ќе дознаат дека не беше нацртан ниту еден фалус.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.